1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Муслиманскиот свет го засилува карантинот за Рамазан Бајрам

БГ/ ДВ
21 мај 2020

Додека верниците се подготвуваат за крајот на најсветиот месец во Исламот, владите воведуваат построги мерки заради пандемијата на коронавирусот. Верските лидери се обидуваат да понудат духовна поддршка.

Ramadan Gebet mit Mundschutz
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Amro

Властите ширум Блискиот исток и во мнозински муслиманските држави ги засилија ограничувањата во пресрет и за време на празникот, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Со оглед на тоа што Рамазан Бајрам е особено значаен ден за заедницата, а традицијата предвидува големи собири, размена на  подароци и заеднички оброци со семејството и пријателите, тоа е особено тежок момент за верниците.
Во Саудиска Арабија властите најавија 24 часовен полициски час од 23 мај, кога почнува Рамазан Бајрам, па се до 27 мај, последниот ден од празникот. Досега, граѓаните на кралството имаа слобода на движење од 9 наутро до 17 часот. Саудискиот Голем муфтија Шеик Абдулазиз ал-Шеик ги повика верниците да ги кажуваат празничните молитви дома, наместо во џамија.
Во Египет, Ал-Ажар универзитетот- кој историски се смета за седиште на сунитската исламска мисла- излезе со сличен совет. Советот на стари учители порача дека молитвите за Рамазан Бајрам треба да се изведуваат во домовите затоа што целта на Исламскиот закон е „да се сочуваат животите и да се заштитат од сите опасности“. И властите го засилија полицискиот час во деновите на празникот од 5 до 18 часот.
Во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека полицискиот час ќе важи на територијата на целата земја во текот на целиот празник. Ердоган изрази надеж дека потоа „нема да бидат потребни такви ограничувања“.

Муслимани се молат во црква во Берлин

02:13

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми