1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Набљудувач“ книга која ја раскринкува улогата на жртви на Албанците и на ОВК на Косово

7 март 2005

Весникот Зидојче Цајтунг од Минхен вчера објави приказ на неодамна објавената книга на Волфганг Кауфман „набљудувач“ Станува забор за книга во која авторот во субјективен и дневнички стил ги опишува своите средби со Србите и Албанците во Косово во годината пред НАТО интервенцијата во покраината . Кауфман имено во 1998 година работел како набљудувач на ЕУ во Косово и бил стациониран во градот Пеќ

Зидојче Цајтунг за книгата на Кауфман го забележува следново:

Книгата Набљудувач на Волфганг Кауфман е збирка на често рефлексивно наредени случувања , чие прикажување има заедничка цел – да разоткријат , како што наведува, полувистините и дезинформациите кои се однесуваат пред се на ОВК. Оваа албанска милиција , која во средината на деведесетите се бореше за независност на Косово, во никој случај не била жртва на српската војска , како што беше преставувана во тоа време. Тактиката на УЧК беше , државниот апарат на Србија да го доведе во состојба да прави неправди –пишува Кауфман и укажува дека овие борци во постигнувањето на таа цел ги користеле сите сретстгва,

УЧК доколку може да им се верува на изворите на Кауфман , наведува Зидојче Цајтунг , много сурово постапувала спрема албанското население . Доколку некое село одбивало соработка , ладнокрвно биле убивани членовите на семејството на селските големви , прецизира Кауфман , објаснувајќи дека на тој начин ОВК си отворала себеси можност од тие села да ја напаѓа српската полиција . Доколку притоа би имало мртви , Србите би започнале да го уриваат селото , а мештаните би морале да бегаат. УЧК успеа својот народ да го прикаже како жртва на малтретирање – ја коментира авторот на книгата оваа стратегија истакнувајќи сека било потребно да и се покаже во тоа време на западната јавност дека брановите на бегалци биле исклучиво последица на бруталната интервенција на српската полиција.

Борците на УЧК не се воздржувале од ништо. Младите мажи биле регрутирани со драстични методи а меѓу Албанците генерално владеела атмосфера на страв . Никој не се осмелувал да ја критикува ОВК –пишува Кауфман. Еден албански лидер му раскажал притоа дека поради страв дека би можело да биде поткажан не читал српски весници. Животот им бил загрозен на оние кои соработувале со српските власти. Добро чувана тајна е и онаа дека УЧК плански убивала Албанци, се истакнува во книгата и се забележува дека на западот на косово албанската парамилиција ликвидирала најмалку 200 свои сонародници.

Кауфман го запознал и Рамуш Харадинај , кого го опишува како најмоќниот човек во ослободителното движење , а кој денеска е премиер на Косово . Харадинај е осомничен дека учествувал во масакрот во Глоѓане во кој загинале 39 лица , пред се Албанци. Обвинението пред Хашкиот Трибунал за воени злостосторства сеуште не е покренато , меѓутоа од начинот на кој Кауфман пишува за харадинај се покажува дека тој е уверен во неговата вина . Овој бескрупулозен човек не размислувал за последиците , само да го ослободи Косово од српските власти, тврди Кауфман и додава „ Неговите луѓе без каква било потреба изведуваа голем број напади од населените места“ А се споменува и неименуван сведок , кој му рекол на Кауфман дека Харадинај е навистина вмешан во масакрот.

Кауфман не е анти-албански настроен .Онака како што ги опишува злосторствата на УЧК , така и зборува за насилството на српските војници кои со драконска суровост реагирале на провокациите од другата страна. Сепак тој сака да ја раскринка албанската улога на жртва , и да фрли светло на бескомпромисната политика на УЧК.

„Албанската политика имаше за цел целосна конфронтација со Србите. За разлика од српските политичари , имаше за цел се само не решение до кое би се дошло со договор , а тоа беше последица на влијанието на УЧК –заклучува Волфганг Кауфман во книгата „Набљудувач“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми