1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Навални бил отруен со нервен отров, тврди германската влада

БГ/ ДПА
2 септември 2020

Германската влада соопшти дека тестовите спроведени врз примероците од крвта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални покажале присуство на нервниот отров Новичок. Од Русија се бара под итно да се изјасни за случајот.

Russland Moskau | Alexej Nawalny, Oppositionspolitiker
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Kudryavtsev

Опозицискиот политичар Алексеј Навални бил отруен со Новичок, тврди германската влада повикувајќи се на резултатите од испитувањата. На Навални ненадејно му се слоши на лет од Сибир кон Москва на 20 август годинава. Првично беше сместен во болница во рускиот град Омск, а подоцна беше префрлен во Берлин.
Лекарите во берлинската болница Шарите минатата недела соопштија дека постојат индикации оти Навални бил отруен.

Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт денеска соопшти дека тестовите кои биле спроведени во германска воена лабораторија докажале постоење на „хемиски нервен отров од групата Новичок“.

„Шокантно е што Алексеј Навални во Русија бил жртва на хемиски нервен отров“, рече Зајберт.

„Германската влада најостро го осудува овој напад“, рече тој. Од руската влада се бара под итно да се изјасни за случајот. Германската влада ќе се консултира со партнерите од ЕУ и НАТО околу „соодветна заедничка реакција“.

Канцеларката Меркел веќе одржала консултации околу идните чекори со повеќе министри во нејзината влада.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми