Отруениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални ги потврди информациите дека за време на неговото лекување во универзитетската клиника Шарите имал визита од германската канцеларката Ангела Меркел.
Реклама
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел го посетила додека бил на лекување во берлинската болница поради труење.„Многу сум и' благодарен на канцеларката Меркел што ме посети во болница“, напиша на Твитер Навални, потврдувајќи ги информациите на германскиот весник Шпигел.
Алексеј Навални, кој е на рехабилитација во Берлин, минатата недела излезе од болница по еден месец.
44-годишниот Навални, најистакнат противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше префрлен во Германија два дена откако му се слоши на 20 август на домашен лет во Русија.
Германските стручњаци за хемиско оружје утврдија дека Навални е отруен со агенсот „новичок“ од советската ера, што го поттикна Берлин да побара од Русија да го испита овој случај. Навални беше држен во вештачка кома повеќе од две недели и беше лечен со противотров.
Членовите од неговиот тим го обвинија Кремљ за вмешаност во труењето, а руските претставници цврсто го негираат тоа.Кремљ реагираше луто на повиците на канцеларката Ангела Меркел и на други личности да одговорат на прашањето за труењето.
Владимир Путин: Патот до моќта
Владимир Путин е избран за претседател на Русија во четвртиот мандат. Поглед кон подемот на Путин од нискорангиран агент на КГБ до незапирлива политичка сила.
Фотографија: Reuters/D. Mdzinarishvili
Кадет на КГБ
Роден во Санкт Петербург во 1952, Путин се пријави во советската раразузнувачка служба КГБ веднаш по завршувањето на правниот факултет во 1975. Негова прва задача бил надзорот на странски државјани и вработени во конзулатите во родниот град, тогаш со името Ленининград Потоа замина на служба во Дрезден, источна Германија. Тој наводно запалил стотици документи на КГБ по падот на Берлинскиот ѕид.
Лево на фотографијата, младиот Путин стои до тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатоли Собчак. Тој му беше професор на Путин и го назначи за свој советник за меѓународни прашања. И покрај корупцискиот скандал на почетокот од службата, Путин не ја загуби работата, токму поради пријателството со Собчак.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Метеорски подем
Путин набргу се префрли во Москва. Во 1997 рускиот претседател Борис Елцин му додели среднорангирана функција во неговата администрација- позиција која Путин ќе ја искористи за да создаде важни политички пријателства, кои ќе му бидат од полза во наредните децении.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Смртта на пријателот
Путин беше длабоко потресен од смртта на Собчак во 2000 година. Откако ученикот политички го надмина својот учител, Собчак стана гласен поддржувал на кандидатурата на Путин за претседател на Русија. Една година претходно, Путин ги искористи своите врски за да бидат отфрлени обвинувањата против Собчак за проневера.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Chirikov
Привремен претседател
Во јуни 2000 година, Борис Елцин поднесе оставка, отстапувајќу му на премиерот да стане привремен лидер на државата. За време на успешната претседателска кампања, повторно излегоа на површина обвинувањата за корупција против Путин од времето на неговата служба во Санкт Петербург. Марина Салје, пратеничката која ги изнесе обвинувањата, беше замолчена и принудена да го напушти градот.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Тандемократија
Кога Путин уставно беше спречен да се кандидира за трет последователен мандат во 2008 година, премиерот Дмитри Медведев се кандидираше на негово место. Кога Медведев беше избран, тој го назначи Путин за премиер. Тоа доведе до критики за „тандемократија“ во Москва и многумина беа убедени дека Медведев е марионета на Путин.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Победа
Во март 2018 година, Владимир Путин е избран за руски претседател во четврти мандат. Путин ќе биде на власт и во наредните шест години, со оглед дека претседателскиот мандат претходно беше продолжен на шест години. Избоrите беа засенети од обвинувањата за нерегуларности и манипулации, како и од фактот дека немаше вистинска опозиција на Путин.