Алексеј Навални е најостриот критичар на Владимир Путин и е затворен во затворски логор. Сега руските власти го преквалификуваа опозицискиот политичар.
Реклама
Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен во листата на „терористи и екстремисти“ на руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг, јави денеска новинската агенција Франс Прес (АФП)
Еден од блиските соработници на Навални, Љубов Собољ, која сега е надвор од земјата бидејќи беше изложена на прогон о Русија, исто така е ставена на тој список, според агенцијата, која имала пристап до списокот.
Според на Фондот за борба против корупцијата, покрај организацијата на Навални која беше забранета во јуни, на списокот се додадени и најмалку девет лица поврзани со опозициското движење.
Одлуката е дел од мерките за репресија против опозицијата и критичките гласови во Русија, наведува АФП.
Списокот на Росфинмониторинг вклучува илјадници поединци и стотици политички, исламистички, религиозни и ултранационалистички организации забранети во Русија. На списокот се, на пример,талибанците и Исламската држава.
Владимир Путин: Патот до моќта
Владимир Путин е избран за претседател на Русија во четвртиот мандат. Поглед кон подемот на Путин од нискорангиран агент на КГБ до незапирлива политичка сила.
Фотографија: Reuters/D. Mdzinarishvili
Кадет на КГБ
Роден во Санкт Петербург во 1952, Путин се пријави во советската раразузнувачка служба КГБ веднаш по завршувањето на правниот факултет во 1975. Негова прва задача бил надзорот на странски државјани и вработени во конзулатите во родниот град, тогаш со името Ленининград Потоа замина на служба во Дрезден, источна Германија. Тој наводно запалил стотици документи на КГБ по падот на Берлинскиот ѕид.
Лево на фотографијата, младиот Путин стои до тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатоли Собчак. Тој му беше професор на Путин и го назначи за свој советник за меѓународни прашања. И покрај корупцискиот скандал на почетокот од службата, Путин не ја загуби работата, токму поради пријателството со Собчак.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Метеорски подем
Путин набргу се префрли во Москва. Во 1997 рускиот претседател Борис Елцин му додели среднорангирана функција во неговата администрација- позиција која Путин ќе ја искористи за да создаде важни политички пријателства, кои ќе му бидат од полза во наредните децении.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Смртта на пријателот
Путин беше длабоко потресен од смртта на Собчак во 2000 година. Откако ученикот политички го надмина својот учител, Собчак стана гласен поддржувал на кандидатурата на Путин за претседател на Русија. Една година претходно, Путин ги искористи своите врски за да бидат отфрлени обвинувањата против Собчак за проневера.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Chirikov
Привремен претседател
Во јуни 2000 година, Борис Елцин поднесе оставка, отстапувајќу му на премиерот да стане привремен лидер на државата. За време на успешната претседателска кампања, повторно излегоа на површина обвинувањата за корупција против Путин од времето на неговата служба во Санкт Петербург. Марина Салје, пратеничката која ги изнесе обвинувањата, беше замолчена и принудена да го напушти градот.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Тандемократија
Кога Путин уставно беше спречен да се кандидира за трет последователен мандат во 2008 година, премиерот Дмитри Медведев се кандидираше на негово место. Кога Медведев беше избран, тој го назначи Путин за премиер. Тоа доведе до критики за „тандемократија“ во Москва и многумина беа убедени дека Медведев е марионета на Путин.
Фотографија: Imago/ITAR-TASS
Победа
Во март 2018 година, Владимир Путин е избран за руски претседател во четврти мандат. Путин ќе биде на власт и во наредните шест години, со оглед дека претседателскиот мандат претходно беше продолжен на шест години. Избоrите беа засенети од обвинувањата за нерегуларности и манипулации, како и од фактот дека немаше вистинска опозиција на Путин.
Фотографија: Reuters/D. Mdzinarishvili
7 фотографии1 | 7
Во средината на јануари, на списокот беа додадени и двајцата главни соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во странство.
Навални беше уапсен на 17 јануари 2021 година на аеродромот во Москва, откако се врати од опоравувањето во Германија по тешкото труење во Сибир во август претходната година, за кое, како што рече, одговорен е рускиот претседател Владимир Путин.
Потоа, Навални беше осуден на две и пол години затвор за случајот „проневера“, што тој го окарактеризира како политички прогон.