1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Наводна агентка на Кремљ уапсена во САД

СН/ агенции
17 јули 2018

29- годишната Русинка беше уапсена во Вашингтон под сомневање за шпионски активности. Таа се товари дека се обидувала, да изврши влијание врз политиката на САД во полза на владата во Москва.

USA - Justizministerium der Vereinigten Staaten in Washington
Фотографија: picture alliance/AP Images/S. Walsh

Американските сојузни власти уапсија една Русинка под обвинение дека работела да се уфрли во американски политички организации, влкучувајќи ја и групата која се залага за право на носење оружје, по упатство на високо официјално лице од Кремљ. Тоа е напишано во судските документи кои беа отпечатени во главниот град на САД.

Русинката Марија Бутина (29) е уапсена во неделата под обвинение дека планирала да делува како нерегистриран агент за руската влада.

Повеќе:

-САД: Русија замешала прсти во претседателските избори

-Путиновата виртуелна победа над Америка

-САД: Први обвиненија за аферата со Русија и изборите

Таа е обвинета оти делувала „како агент на едно официјално лице од странска влада“ за да се „вовлече во политички организации“ поради „промовирање на интересите на Руската Федерација“, се наведува во обвинението во кое се споменува и „организација која се залага за право на носење оружје“.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Elswick

Судските документи наведуваат дека Бутина работела во име на неименувано руско официјално лице со цел да влијае на високи американски политичари и да развива врски со други политички организации во периодот меѓу 2015 и 2017 година. Обвинителите наведоа оти САД го казниле тој руски претставник.

Апсењето се  надоврзува  на серија активностит од страна на властите на САД против наводното вмешување на Русија во американската политика. Во минатиот петок беше покренато обвиније против 12 членови на руската воена разузнавачка служба ГРУ за хакерски напади врз Демократската партија и нејзината претседателска кандидатка Хилари Клинтон во изборната кампања во 2016 година. Во февруари, 13 руски државјани беа обвинети за дезинформациски кампањи на интернет.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми