1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наводни фотографии за измачувања на Косово

27 мај 2004

Германското министерство за одбрана гласините околу фотографиите за наводни сцени со измачувања со германски војници на Косово ги отфрла како неосновани.

Војници на Косово
Војници на КосовоФотографија: AP

Сепак, министерт Петер Штрук ќе ги провери вестите за наводните случаи на насилство при чувањето на еден затвор на почетокот на акцијата на Косово во 1999 година. Според денешните информации во весникот “Билд“ во кругови на единиците на КФОР кружат фотографии кои покажуваат наводни сцени од измачувања од страна на германските војници на Косово.

Заменикот генерален инспектор Ханс Хајнрих Дитрих вчера за германската новинска агенција ДПА изјави дека Бундсеверот ги обучува своите војници врз основа на уставот и човековото достоинство.Изјавата на Штрук дека германските војници никоко не измачувале е точна. Бундесверот во странство има успех зашто неговите војници се добро обучени и подготвени. Тие не доаѓаат како окупатори, туку како гости, вели Дитер. Весникот “Франкфуртер алгемајне“ известува дека министерството за наводните фотографии било информирано во вторникот од еден штабен подофицер во резерва кој во 1999 година бил во Призрен како член на падобрански баталјон. Тој тврдел дека има фотографии на војници направени за време на измачувања. Според весникот “Ди велт“ фотографиите веќе не се на располагање. Поранешниот војник ги избришал од неговиот компјутер, твди весникот повикувајќи се на раководството на Бундесверот.Пешадискиот иснпектор Ханс Ото Буде изајви дека тврдењето оти постојат фотографии е лажно. “Јас им верувам на моите војници“, изјави Буде. Во секој случај, министерот Штурк наредил истрага.

Гернот Ерлер од СПД заменик претседател на фракцијата во Бундестагот и одговорен за надворешна политика вели:

Прво мора да се тргне од тоа дека никој не ги видел тие фотографии, а го знаеме и изворот на гласините – тоа е еден припадник на Бундсеверот кој падна во очи уште во 1999 година како постојан незадоволник. Но, и покрај тоа Бундесверот информацијата ја прими серизоно и генералниот инспектор на армијата доби налог уште еднаш да ги испита сите вклучени од најраната фаза во 99-тата кога кусорочо германските војници имаа задача за надгледување на затворите на Косово, изјави Ерлер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми