Наградата „Сахаров“ за петмина арапски активисти
27 октомври 2011
Меѓу добитниците на оваа престижна награда е и Тунежанецот Мохамед Буазизи, кој со самозапалувањето на 17 декември минатата година се претвори во симбол на револуцијата во неговата земја, а која подоцна се прелеа и врз другите арапски земји.
Освен постхумното одликување за Буазизи, наградени се и блогерката Асма Махфус од Египет, Либиецот Ахмед ал Зубаир ал Сануси, адвокатката Расан Зејтунех од Сирија и политичкиот карикатурист Али Фарзат.
Асма Махфус е меѓу основажите на Движењето на младите 6 април, кое упати повик за првиот собир на централниот плоштад Тахрир во Каиро, што потоа се претвори во протест кој доведе до соборување од власт на египетскиот претседател Хосни Мубарак.
Наградениот Ахмед Зубаир ал Сануси е 77 годишен либијски адвокат кој помина 31 година в затвор поради спротиставување на режимот на Моамер ел Гадафи. Разан Зејтунехе 34 годишна адвокатка која раководи со комитетите кои управуваат со побуната во Сирија и Али Фарзат е новинар карикатурист кој во август беше претепан од сириските сили за безбедност при што му беа скршени двете раце.
Наградата „Сахаров“ е дотирана со 50.000 евра и на годинешните лауреати ќе им биде врачена на 14 декември во Стазбур.
Автор:СН/ ЖА/ дв/ ртр
Редактор: Александра Трајковска