1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нагризана доверба

29 ноември 2010

Во доверливите извештаи на американското министерство за надворешни работи, кои ги објавува Викиликс, и германските политичари имаат малку позитивно да прочитаат за себе. Во Берлин владее огорчување.

Фотографија: dpa

Во Берлин владее голема вџашеност поради доверливите извештаи на американското министерство за надворешни работи, кои ги објавува Викиликс, а во кои дипломатите на Форин офис даваат оценки за најмоќните политичари во светот; ниту опозицијата не може вистински да се радува.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт, меѓутоа, истакнува дека со објавувањето на тајните документи не се загрозени германските односи со САД:

„Германско-американскиот однос со текот на децениите е толку робустно зацврстен, дораснат, тоа е толку длабоко пријателство кое се потпира на заедничките вредности, што нема да биде оштетено со сегашните објавени документи. За жалење е објавувањето на документите.“

Министерот Нибел не се лутиФотографија: AP

Како реагираат оние кои се директно засегнати? Германскиот министер за развој Дирк Нибел, кој во документите е оценет како „лош избор“, не е толку загрижен:

„Тоа го сметам за релативно незначајно, многу позначаен е дипломатскиот гаф на американската влада, што ја покажува важноста на вистинската заштита на податоците. Не е важно што напишал некој референт во амбасадите.“

Но, не мислат сите вака. Според некои, нагризана е меѓусебната доверба. Претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот парламент, Бундестагот, Рупрехт Поленц, тоа јасно го кажува:

„Предизвиканата штета е прилично голема. Партнерите на САД претпоставуваат дека она што го разговараат со најблискиот сојузник останува во доверба и дека при стратешките одлуки може отворено да се разговара. Сега тоа е доведено во прашање. Задача на Американците е во иднина трајно да го расчистат ова сомневање, во спротивно, од сојузниците веќе нема да слушнат многу“, предупредува Поленц.

Автор: Хајнер Кисел / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми