НАДА воведува зачестени допинг тестови
13 јули 2007Националната анти-допинг агенција НАДА, ќе воведе нови тестови за подобро да ги открие забранетите супстанци во крвта на спортистите. Во текот на оваа година НАДА веќе откри 23-за допингувани, но сигурна е дека многу повеќе посегаат по шприцеви или таблети.
Агенцијата признава дека досегашните допинг-контроли не се доволни и тоа мора да се смени. Место како досега да се тестираат 9 илјади спортисти извлечени со лоз, во иднина ќе бидат проверувани 2 илјади врвно спортисти и тоа мошне интензивно. Претседателот на управниот одбор на НАДА Армин Баумерт за телевизја Дојче веле изјави:
„Тоа значи дека мора да тргнеме од методите на тренинзите, мораме да видиме кои се главните аспекти на тренирањето и врз таа основа да ги насочиме нашите контроли„.
НАДА има намера да го подели спортот на ризични групи, секој според можната потреба од допинг. На врвот на листата се спортовите во кои се бараат сила и издржиловст. Тие спортисти во иднина ќе бидат подложени на контрола 8 пати во годината, од тоа 4 пати на контрола на крвта. Бидејќи тестовите се скапи, агенцијата ќе го зголеми буџетот на 3,6 милиони евра. Парите ќе се добиваат од сојузот, стопанството и спортските здруженија.