Над шест милиони починати од коронавирус во светот
афп
11 март 2022
Иако пријавените случаи и оние со смртен епилог се намалуваат на глобално ниво, пандемијата е далеку од завршена, укажуваат од СЗО.
Реклама
Пандемијата е далеку од завршена, порача првиот човек на СЗО во средата, две години откако за првпат го употреби терминот за да го разбуди светот за заканата од Ковид-19. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус прв го опиша Ковид-19 како пандемија на 11 март 2020 година. Две години подоцна, тој се пожали дека вирусот сè уште се развива и зема замав во некои делови од светот.
СЗО прогласи вонредна состојба за јавното здравје од меѓународен интерес - највисоко ниво на тревога во регулативите на здравствената агенција на ООН - на 30 јануари 2020 година, кога, надвор од Кина, беа пријавени помалку од 100 случаи и ниеден смртен случај. Но, се чинеше дека само употребата на зборот пандемија по шест недели поттикна многу земји да преземат мерки.
Загриженост поради намален број тестирања
„Две години подоцна, повеќе од шест милиони луѓе починаа“, рече Тедрос на прес-конференција, додека скоро 444 милиони случаи се регистрирани досега.
„Иако пријавените случаи и оние со смртен епилог се намалуваат на глобално ниво, а неколку земји ги укинаа ограничувањата, пандемијата е далеку од завршена - и нема да заврши никаде додека не заврши насекаде“. Тој го истакна порастот од 46 отсто на нови случаи минатата недела во регионот на Западен Пацифик, каде што се регистрирани 3,9 милиони инфекции.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
„Вирусот продолжува да се развива и ние продолжуваме да се соочуваме со големи пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани секаде каде што се потребни“, рече Тедрос.
СЗО е загрижена што неколку земји драстично го намалуваат процентот на тестирање. „Ова ја намалува нашата способност да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива“,рече Тедрос.
Опаѓа бројот на нови случаи
Бројот на нови случаи падна за пет отсто ширум светот минатата недела во споредба со претходната недела, додека бројот на смртни случаи се намали за осум отсто.
Сепак, Марија Ван Керхове од СЗО предупреди дека стапката на случаи е секако потценета поради драматичното намалување на тестирањето.
„Вирусот сè уште се шири на премногу интензивно ниво, три години по оваа пандемија“, рече таа. „Иако гледаме трендови на опаѓање... сепак имаше повеќе од 10 милиони пријавени случаи на глобално ниво минатата недела.Мораме да останеме будни“.
Светлосен ѕид за заштита од ковид
01:05
Во неделно ажурирање на податоците за ширењето на вирусот, СЗО претходно соопшти дека варијантата Омикрон има „глобална доминација“ над другите мутации на вирусот.
СЗО укажува дека Омикрон сочинува 99,7 отсто од примероците собрани во последните 30 дена, а кои се секвенционирани и внесени во глобалната научна иницијатива GISAID. СЗО вели дека нееднаквиот пристап до вакцините, тестовите и третманите за Ковид-19 ја продолжуваат пандемијата.
Најновите бројки на СЗО покажуваат дека 23 земји допрва треба целосно да имунизираат 10 отсто од своето население, додека 73 земји допрва треба да ја постигнат целта за покриеност од 40 отсто, која што беше поставена за почетокот на 2022 година.