1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Над 100 починати за седум дена од Ковид -19

ДТЗ
25 јануари 2022

Многу причини, а малку одговори за високата смртност од ковид во Северна Македонија

Nord-Mazedonien | Coronavirus | Impfungen in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Стотина лица починаа од Ковид-19 во изминативе седум дена. Во последниве 24 часа се регистрирани вкупно 22 починати од кои кај 18 се регистрирани коморбидитети, а деветмина се целосно вакцинирани. Ако на 10 јануари во земјата имаше околу 10 илјади активни случаи, за 14 дена, бројката е двојно зголемена. Според последните податоци на Министерството за здравство, бројот на активни случаи изнесува 20.571. Последното деноноќие има 718 новозаразени од 3.044 тестови,  а од новите позитивни 95 се реинфекции.

Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за 76,4% е зголемен бројот на починати минатата недела во однос на претходниот период. Најголем дел се на возраст над 60 години. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела. Заклучно со 23.01.2022 досега вкупно се регистрирани 4.924 реинфекции, од кои тринаесет се втори реинфекции. На 17 јануари е регистриран и највисок број пријавени случаи на дневно ниво досега – 2.267. Најголем број на заболени на неделно ниво – 11.610 е регистриран исто така во текот на минатата недела.

Постојат многу причини, а малку одговори за високата смртност од Ковид-19 во Северна Македонија. Епидемиолозите сметаат дека задоцнетото одење на лекар и хроничните болести на пациентите се најчести причини за високата смртност. Како важен фактор се наведуваат и немањето протоколи за лекување, состојбата на пациентите, начинот на кој се организира здравствениот систем, а голема улога имаат и превентивните мерки. 

Граѓаните, пак, коментираат дека немањето доволно здравствен кадар, лошите здравствени навики, неквалитетниот начин на жживот што доведува до слаб имунитет, нефункционалното здравство, непочитувањето на мерките и препораките, како и големиот број на невакцинирани лица - сето тоа имало свој удел во поразителните податоци, според кои Северна Македонија во светски рамки се најде високо на листата по смртност за време на целата пандемија.  

Двојно повеќе активни случаи 

Како резултат на новиот сој Омикрон, кој забрзано се шири, инфективните одделенија повторно се полнат со пациенти. Бројката на новозаразени речиси секој ден опасно се приближува до две илјади позитивни, а не спласнува ниту бројот на починати. За само шест дена над 80 лица ја изгубија битката со Ковид-19, од кои повеќето се невакцинирани. Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани лица досега се изнесува 256.996, од кои оздравеа 228.736, починаа 8.240, а активни се 20.020 болни.

За споредба, во Словенија, каде за 24 часа се регистрираат и по речиси 14.000 заразени од Ковид-19, бројката на починати во земјата е далеку помала од Северна Македонија - досега се регистрирани 5.773 смртни случаи кај Словенците. Далеку поголема смртност има во Србија и во Хрватска, каде на пример последниве денови имаше и по 44 починати во дневната статистика. 

Македонските здравствени власти во повеќе наврати посочуваа дека тоа што земјата е високо на листата по смртност во регионот се должи на пристапот во евидентирањето на секој што починал, а притоа бил позитивен на коронавирусот. Па така, некој што починал од малигна или бубрежна болест, а при тоа бил и позитивен на Ковид-19, влегува во евиденцијата како жртва на коронавирусот. 

-повеќе на темата: Лекарите смируваат: Брзото ширење на Омикрон ќе доведе до крај на пандемијата

Еден од најсерионите проблеми е и што изминативе две години, притиснати од пандемијата, во втор план се потиснаа сериозните заболувања со коишто се соочуваат граѓаните. Во сенка на пандемијата, многу пациенти чекаат на лекување. Но, поради нередовни контроли и грижа за здравјето, многу малигни и слични болести прогресираа и резултираа со смртен епилог.  

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 550 лица (25,3% повеќе во споредба со претходната недела), а од нив 341 се на кислородна поддршка (34,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 27 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Најчести симптоми пријавени кај заболените се температура (59,1%), кашлица (44,6%) и малаксаност (43,1%). Регистрирани се 64.400 (38,1%) асимптоматски случаи. Во однос на коморбидитети, 41.837 лица имаат кардиоваскуларна болест, 13.699 дијабет, 5.945 се со хронична белодробна болест и 16.249 со други хронични болести.

 

Во текот на изминатата недела пријавени се 97 смртни случаи од коронавирус во 20 градови, за 76,4% повеќе во однос на минатата, се вели во новиот неделн извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од нив се од Скопје (38). Најголем број,85 или 87,6% од починатите се во возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (8), 40-49 години (2) и 30-39 години (2).

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела. Заклучно со 23.01.2022 досега вкупно се регистрирани 4.924 реинфекции (1,9%), од кои тринаесет се втори реинфекции.

Минатата недела, на 17 јануари е регистриран и највисок број пријавени случаи на дневно ниво досега – 2.267. Најголем број на заболени на неделно ниво – 11.610 е регистриран исто така во текот на минатата недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 550 лица (25,3% повеќе во споредба со претходната недела), а од нив 341 се на кислородна поддршка (34,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 27 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (идентично во споредба со претходна недела).

Најчести симптоми пријавени кај заболените се температура (59,1%), кашлица (44,6%) и малаксаност (43,1%). Регистрирани се 64.400 (38,1%) асимптоматски случаи. Во однос на коморбидитети, 41.837 лица имаат кардиоваскуларна болест, 13.699 дијабет, 5.945 се со хронична белодробна болест и 16.249 со други хронични болести.

 

Нови изненадувања и соеви? 

Во екот на најновиот бран, кога Омикрон стана доминантен во земјата, доаѓаат најави дека се ближи крајот на пандемијата, но во истовреме и укажувања дека е можно да има нови изненадувања и соеви. Дека нема простор за опуштање покажуваат состојбите во многу земји во Европа, но и во соседството, кои полека ја губат битката со вирусот. Инфектолозите  прогнозираат дека пандемијата наскоро ќе помине во ендемија. Епидемиологот Драган Даниловски, вели дека Омикрон, кој пламна како шумски пожар, но како и секоја огнена стихија, почна да се задушува сам во себе. Неговите прогнози се дека до крајот на февруари, омикронот ќе спласне, и ќе се одржува на ендемично ниво некое време… Понатаму ќе се сведе на спорадични случаи и ќе го имаме меѓу нас, како што го има сезонскиот грип.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми