1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 100.000 починати од коронавирус во светот

ЕМФ | агенции
11 април 2020

Бројот на починати од коронавирус во светот се зголеми на над 100.000 луѓе. Само во Европа има повеќе од 70.000 починати. Италија го продолжи карантинот.

Coronavirus USA New York Zahl der Toten steigt
Фотографија: AFP/A. Weiss

Бројот на починати од инфекција со коронавирус во светот се искачи на над 100.000 лица. Притоа, Европа е најмногу погодена. На стариот континент од Ковид-19 животот го загубиле над 70.000 луѓе, јави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на податоци од надлежните институции.

САД, во меѓувреме, имаат ист број на починати како тешко погодената Италија - околу 18.000, во Шпанија бројот на починати е 15.843, а во Франција 13.197.

Во Германија бројот на починати е 2373 луѓе, додека бројот на инфицирани изнесува 113.525 лица. Во светот, пак, бројот на инфицирани се зголеми на 1,7 милиони луѓе.

Повеќе:

Коронавирус: Зошто повеќе страдаат мажите и дебелите луѓе?

Од кога е присутен коронавирусот во Северна Македонија?

Лекари шокирани од брзината со која убива коронавирусот

Повеќе од половината од светското население е погодено од ограничувања на движењето поради корона-кризата. Во текот на велигденските празници од карантинските мерки се погодени голем број верници, поради тоа што многу цркви остануваат затворени. Папата Франциско на Велипеток ја одржа процесијата на Патот на крстот на речиси сосема празен плоштад во Ватикан. Вообичаено на традиционалната процесија учествуваат илјадници верници.

Папата на процесијата во ВатиканФотографија: Getty Images/AFP/V. Pinto

Италија го продолжува карантинот

Италијанската влада поради корона-пандемијата го продолжи траењето на мерките за забрана за излегување до 3 мај. Мерките беа воведени на 10 март и нивното траење првично беше предвидено до понеделник, 13 април. Италијанскиот премиер Џузепе Конте во телевизиско обраќање до нацијата рече дека одлуката е тешка, но е неопходна и дека тој за тоа презема „целосна политичка одговорност“. Во спротивно, според Конте, Италија ризикува да пропаднат првите успеси во борбата против Ковид-19. 

Од пребрзо олабавување на карантинските мерки предупреди и Светската здравствена организација (СЗО). „Пребрзо олабавување на ограничувањата би можело да доведе до враќање на коронавирусот“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми