1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ескалација на насилство во Ерусалим

СН/агенции
15 април 2022

Ерусалим очекуваше тензии, со оглед дека Евреите, христијаните и муслиманите ги слават своите свети празници во ист период.

Судири на Палестинците со израелската полиција кај џамијата Ал-Акса
Судири на Палестинците со израелската полиција кај џамијата Ал-АксаФотографија: Mahmoud Illean/AP Photo/picture alliance

Во Стариот град во Ерусалим дојде до насилни конфликти меѓу израелската полиција и Палестинците по муслиманската молитва во петок. Израелските сили за безбедност влегоа на територијата на џамијата Ал-Акса, каде илјадници Палестинци се собраа на молитва за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Според израелските власти, околу 4 часот утрово „десетици маскирани млади бунтовници“, од кои некои носеле знамиња на исламистички Хамас, започнале „процесија“ на Ридот на храмовите. Фрлале со камења на соседниот Ѕид на плачот, најважното религиско место за Евреите. Израелското министерство за надворешни работи на Твитер напиша дека полицијата била приморана да продре на територијата за да ја растера толпата и да спречи натамошно насилство, но не влегла во џамијата. 

Повредените префрлени во болница

Над 150 луѓе се повредени, соопшти Палестинската Црвена полумесечина. Израелската полиција соопшти оти во нивните редови се повредени најмалку тројца.

Фотографија: Ahmad Gharabli/AFP/Getty Images

На видео снимките на интернет се гледаат Палестинци како фрлаат камења пред џамијата, а полицијата употребува солзавец и шок бомби.

Повеќе: Палестинците и Евреите во „мешаните“ градови на Израел: Како да се поврати довербата?

Други слики прикажуваат верници како се забарикадираат во џамијата среде очигледните облаци од солзавец. Очевидци и фотографот на АФП известија дека израелските безбедносни сили, исто така, испукале и гумени куршуми.

Три свети празници

Тензиите во моментов се особено високи бидејќи годинава Рамазан, еврејската Пасха и христијанскиот Велигден се поклопуваат. Џамијата е трето најсвето место во исламот. Се наоѓа на рид кој, како и Храмската гора, е најсвето место за Евреите. Десетици илјади верници се очекуваат денеска во џамијата, во петок, во екот на муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Министерството за туризам само оваа недела во Ерусалим очекува околу 30.000 странски туристи. За првпат по три години, туристите и аџиите можеа да влезат во Светата земја на Велигден. Поради пандемијата на коронавирусот, Израел ги затвори своите граници, а од март им беше дозволен влез на невакцинираните туристи.

Насилството меѓу Израелците и Палестинците трае со децении

Минатата година, конфликтите околу џамијата Ал-Акса доведоа до повеќедневни тешки борбу меѓу радикално исламскиот Хамас во Појасот Газа и израелските сили на безбедност.

Поради страв од повторна ескалација, израелските и јорданските официјални лица пред почетокот на Рамазан ги интензивираа разговорите за тоа како да се спречи конфликтот меѓу Палестиниците и безбедносните сили.

Сепак, безбедносната ситуација во регионот е критична во последните недели. Во Израел за кусо време се случија 4 терористички напади со вкупно 14 починати. Израелската војска потоа изведе многу операции на окупираниот Западен брег. Во изминатите три недели во насилствата загинаа 21 Палестинец.


 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми