Наместо да гасне пожари, лови змии
27 август 2019Реклама
Пунјо Пукпинјо е пожарникар, но неговото секојдневие најчесто изгледа поинаку. Тој фаќа по околу 800 змии годишно. Минатата година пожарникарите во градот добиле 37.000 дојави. Змиите живеат во канализација и во градините и тоалетите бараат храна. Повеќето не се отровни, но тоа не значи и дека не се опасни.
Пунјо Пукпинјо има талент. Како се справува со питон од 20 килограми и уште по некоја змија во Бангкок, погледнете во видеото: