1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Канализацијата може да го олесни следењето на коронавирусот

БГ /РТР
14 мај 2020

Набљудувањето на канализациските системи може да се искористи во земјите ширум светот за полесно следење на националните епидемии на Ковид-19, со што би се намалила потребата од масовно тестирање, велат научници.

Elektrische Rattenfalle
Фотографија: dpa

Експертите од областа на епидемиологијата на отпадните води велат дека на земјите кои ги олеснуваат ограничувањата поради коронавирусот може да им помогне пребарувањето на канализацијата за следење и контрола на епидемијата.
Мали студии спроведени од научни тимови во Холандија, Франција, Австралија и други земји пронашле траги на Ковид-19 во канализацијата.

„Повеќето луѓе знаат дека го пренесуваат вирусот преку респираторни капки, но она што е помалку познато е дека мали делчиња од вирусот остануваат и во фекалиите“, вели Дејви Џонс, професор по еколошки науки на британскиот Бангор универзитет. Во поширока смисла, ова значи дека од мострите од канализацијата би можело да се направи проценка на приближниот број луѓе заразени во одреден географски регион без притоа да се тестираат луѓето.
„Секојпат кога некој ќе се инфицира од Ковид-19, тој го испушта вирусот во канализацискиот систем“, вели Џонс. „Ние го користиме тоа знаење и ги следиме тоалетните остатоци на луѓето“.
Оваа пракса е користена и порано за следење на здравствени закани и вирални болести. Таа е клучна за глобалната битка за искоренување на полио, а научници во Британија и други земји ја користат и за следење на антибиотски отпорни гени на добиточните фарми.
„Епидемиологијата на отпадните води е дел од следењето на полио заразите низ светот, па не е сосема нова. Но никогаш не е применета при епидемија на овој начин“, вели Алекс Корбишли, ветеринарен научник на Институтот во Единбург, кој раководи со тримесечен пилот-проект за следење на Ковид-19 во канализацијата во Шкотска.

Ноќните клубови- нови жаришта на пандемијата

00:57

This browser does not support the video element.

„Идејата е дека ова може да се користи како релативно евтин, но уште поважно, мерлив начин за да се оцени каква е трансмисијата во заедницата“, вели Корбишли.

Научниците кои ги спроведуваат ваквите канализациски студии велат дека не пронаоѓаат жив вирус, туку мртви делчиња или фрагменти од генетскиот материјал на вирусот кои не се заразни. Сознанијата кои се добиваат се поклопуваат и со бројките во државите каде со месеци владее епидемијата. Во Париз, на пример, анализата на податоците од април годинава ја покажува истата крива на раст и пад на вирусот во канализацијата и во официјалните бројки.

Малку земји имаат ресурси или капацитети да го тестираат секое лице поединечно, а повеќето се ограничуваат само на медицинскиот персонал или на луѓе со симптоми. Поради тоа и податоците за вистинскиот број на заразата се ограничени.

„Може да се користи овој начин на набљудување како јавно-здравствен инструмент“, вели Ендрју Сингер, истражувач во британскиот центар за екологија и хидрологија кој работи на пилот-проектот.
„Вредноста на овој пристап е што е толку евтин, а инвестицијата притоа носи награда, не само за пандемијата на коронавирусот, туку и за идни епидемии“, вели тој.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми