1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Напади со порака

Кристијан Трипе
14 април 2018

Прво добрата вест: не избувна Трета светска војна. А, сега лошата: По воздушните напади на западните сили во Сирија нема да биде ништо подобро.

Syrien Damaskus Militärschlag
Фотографија: Imago/Xinhua/A. Safarjalani

Колку светот во средината на април 2018 година беше близу до избувнување на војна меѓу две нуклеарни сили, САД и Русија, веројатно ќе дознаеме за одредено време. Засега, изгледа дека САД, Велика Британија и Франција се воздржани и оти своите напади ги ограничија на цели во Сирија кои се поврзуваат со производство и со складирање на хемиско оружје. Цивилни жртви, барем колку што е досега познато, практично и нема.

Нова воена реалност

Во последните неколку дена постојано се повлекуваа паралели со кризата на Куба и со конфликтот меѓу САД и Русија во 1962 година. Меѓутоа, тоа беше пред 56 години и кризата остана на политичко ниво.

Неколку дена пред воздушните напади на Сирија од двете страни на Атлантикот се слушаа предупредувања кои некогаш звучеа како длабока воздишка.

Повеќе:

-Напади во Сирија: Курсот на Лондон и Париз и импотенцијата на Брисел

-Западните сили нападнаа цели во Сирија

-Вистинските мотиви на Трамп во Сирија

 

Да се надеваме дека овој пат ќе победи рационалноста на војската. Рационалноста и стручноста на генералите против скрупулозните и неуки политичари: За да се преземе водички збор во оваа ситуација е потребно да се има посебен политички хумор.

Кристијан Трипе, автор на коментаротФотографија: DW/B. Geilert

Внимателно одбрани цели

Уште еднаш да потсетиме: Во Сирија се наоѓаат повеќе илјади руски војници кои се борат на страна на трупите на Асад. Уште пред 2 месеца во американски воздушен напад на северот на Сирија загинаа руски платеници. Потоа немаше криза. Коалицијата против т.н. Исламска држава, предводена од САД, делува на северот на Сирија. Овојпат целите беа избрани за во нападите да не можат да бидат погодени руски војници.

Линијата по која се водат разговорите меѓу американското воено раководство и рускиот Генералштаб е изгледа стабилна.

Стручњаците долго време зборуваат дека и покрај новите конфронтации на релација Исток-Запад кај професионалната и толерантна размена на доверба меѓу високорангираните униформирани офицери речиси никогаш немало проблем.

Историски гледано, Сирија е можеби најнепрегледно подрачје на кое се води војна. Трупите на земјите кои се номинално поврзани или се политички длабоки непријатели или се постојано едни против други. Граѓанската војна во Сирија беше одлучена кога Русија застана на страната на Асад, а Иран на страната на сириската алијанса.

Воздушните напади имаат јасна порака

Вашингтон, Лондон и Париз со воздушните напади несомнено ставија на знаење дека употребата на оружје за масовно уништување нема да помине без последици и оти нема да се толерира циничното одрекување и прикривање на воени злосторства.

Освен тоа, светските сили не сакаат без голема помпа да го исчистат геополитички гледано важното поле иако зад тоа стојат години на погрешно, нејасно и матно водење на политика. Блискиот исток се наоѓа пред ново реструктуирање кое нема да се случи само во Москва и во Техеран. Тоа е двојната порака на нападите врз хемиските фабрики на Асад.

На сето ова треба да се додаде и трета работа: САД не делуваа сами туку во алијанса со Франција и со Велика Британија, како во воено единство така и во близок политички договор. Во втората година од владеењето на Доналд Трамп тоа е веројатно најдобрата вест која можеше да се слушне утрово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми