1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападнат ресторан кој бил омилен кај дипломатите во Кабул

ЕМФ/дпа/ап/ртр/афп17 јануари 2014

Атентатор самоубиец денеска (17.01) нападна ресторан во Кабул, кој е омилен кај дипломатите во Авганистан. По жестоката експлозија дошло до престрелка, изјави полицаец за агенцијата ДПА.

Фотографија: picture-alliance/AP

Одговорноста за нападот врз ресторанот ја презедоа талибанците. Нивен претставник соопшти дека нападот бил насочен против странските претставници во земјата.

Либанскиот ресторан, инаку омилен не само кај дипломатите, туку и кај бизнисмените и останатите странци во Кабул, се наоѓа во квартот Вазир Акбар Кан, во кој седиште имаат многу странски амбасади. Заменикот авганистански министер за внатрешни работи Ајуб Саланги изјави дека има информации за штети, но други детали засега нема. Полицијата тврди дека во објектот влегле повеќемина напаѓачи.

Во главниот град на Авганистан често има самоубиствени и бомбашки напади. Последниот се случи пред неколку дена, кога атентатор самоубиец на велосипед се крена во воздух во близина на полициски автобус, при што загинаа еден полицаец и еден цивил.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми