1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Напад во Барселона

ЖА
17 август 2017

Во напад со комбе во Барселона се убиени повеќе лица, соопштија шпанските власти. Полицијата смета дека станува збор за терoристичко дело.

Spanien Barcelona Lieferwagen fährt in Menschenmenge | Straßensperrung
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago

Во напад со мало товарно возило во шпанскиот град Барселона се убиени повеќе лица, според некои информации - десетина лица. Шпанските власти вечерва соопштија дека делото го третираат за терористички напад. Според информациите, комбето влетало во група луѓе кои се наоѓале на еден од омилените булевари во Барселона, каде постојано владее голема раздвиженост. Возачот на возилото бил човек висок околу еден метар и 70 сантиметри, јавува весникот „Ел периодико де Каталанија“. Полицијата трага по напаѓачот. Реонот го каде се случил нападот е блокиран.

Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago

     

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми