Три експлозивни направи експлодираа покрај автобусот на германскиот фудбалски клуб, кој беше на пат кон стадионот во Дортмунд за четврдтфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против францускиот Монако. Фудбалерот на Борусија Марк Бартра и еден полицаец се полесно повредени во нападот.