Напад врз американски дипломати
3 септември 2012Реклама
Во напад во северозападниот град Пешавар според локалните власти загинале двајца американски граѓани и двајца минувачи, Пакистанци. Американското министерство за надворешни работи пак тврди дека американските државјани се само повредени.
Меддиумите јавуваат дека бомбата оставила голем кратер на патот, биле оштетени повеќе возила и фасади на околните куќи. Уништено било и дипломатското возило. Бројот на повредените според првите информации е околу 20 луѓе. Досега никој не ја презеде одговорноста за извршениот напад. Радикално исламистичките талибанци и други исламистички групи во регионот постојано вршат напади врз безбедносните сили. Пешавар се наоѓа во тешко достапен планински регион на границата кон Авганистан.