1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Нападнат конвој на ОН: Убиен амбасадорот на Италија во Конго

СН/агенции
22 февруари 2021

Амбасадорот Лука Атанасио, починал од повредите од огнено оружје, здобиени во вооружената заседа врз хуманитарниот конвој на ОН во кој патувал во источниот дел на Демократска Република КОнго.

DR Kongo UN-Soldaten in Djugu-Territorium | Ituri-Provinz nach Unruhen
Фотографија: AFP/S. Tounsi

Италијанскиот амбасадор во Конго и еден италијански полицаец се убиени денеска во Конго по нападот на конвој возила на ОН, соопшти Министерството за надворешни работи во Рим.

Министерството наведе дека амбасадорот Лука Атанасио и еден полицаец се убиени северно од Гома, на истокот на Конго, а се наоѓале во конвојот возила на Мисијата за стабилизација на ОН.

Фотографија: Junior D. Kannah/AFP/Getty Images

Од министерството потврдија дека амбасадорот Атанасио починал во болница, откако бил погоден од огнено оружје во пределот на сомакот, и изразија длабоко жалење поради неговата смрт.

Во нападот се убиени уште две лица, пренесува агенцијата Франс прес повикувајќи се на портпаролот на војската на Конго. Покрај италијанскиот полицаец-телохранител на Атанасио смртно застрелан е и возачот на амбасадорот. 

Причината за нападот сѐ уште не е утврдена, но во близината на паркот Вирунг, кој се наоѓа по должина на границата на Конго со Уганда и со Руанда, дејствуваат неколку вооружени групи кои често ги напаѓаат ренџерите од Националниот парк.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми