1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Напад врз руската тајна служба ФСБ

ЕМФ / дв
31 октомври 2018

Во напад врз руската тајна служба ФСБ загина напаѓачот, а повредени се тројца службеници. Причините за нападот сѐ уште не се познати.

Russland, Arkhangelsk: Anschlag auf Büro des russischen Inlandsgeheimdienstes FSB
Во експлозијата беа повредени тројца службеници на ФСБФотографија: Reuters/Stringer

Руските власти сметаат дека експлозијата која се случи во зградата на руската тајна служба ФСБ, во пристанишниот град Архангелск, на северот на земјата, е терористички напад. 17-годишно момче на влезот во зградата го извадил рачно направениот експлозив од чантата, а непосредно потоа тој експлодирал во неговите раце, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет. Во нападот се повредени тројца службеници на ФСБ. Надлежните институции отворија истрага за тероризам и поседување експлозив.

Што стои во позадината на нападот, сѐ уште не е познато. Момчето влегло во зградата на ФСБ изутрината. Според досегашните информации, момчето е жител на Архангелск. Тоа починало непосредно по експлозијата и покрај медицинската помош која му била пружена. По експлозијата се зајакнати безбедносните мерки во сите јавни институции.

По експлозијата се зајакнати безбедносните мерки во институциитеФотографија: Getty Images/AFP/M. Shishov

Последниот напад врз канцеларија на ФСБ се случи во април 2017 година, во источен Сибир. Тогаш вооружен напаѓач уби две лица, а потоа беше убиен од безбедносните сили. За овој напад одговорност презеде терористичката организација „Исламска држава“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми