1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад на талибанците врз логистички центар во Кабул

СН/БГ/ртр/миа/дпа2 јули 2013

При нападот врз фирма за логистика во авганистанскиот главен град Кабул загинаа најмалку 6 лица. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанските бунтовници.

Фотографија: Reuters

Најмалку шест луѓе загинаа, а четворица се повредени во денешниот самоубиствен напад врз индустриската зона во Кабул, откаде се пружа логистичка поддршка за силите на НАТО во Авганистан. Меѓу починатите четворица биле членови на обезбедувањето и двајца цивили. Загинатите по народност се Непалци и Авганистанци, соопшти полицијата во Кабул а Дипломатската мисија на Романија во Кабул потврди дека еден од загинатите е Романец . Повеќе лица се повредени во нападот кој го извршил бомбаш-самоубиец. Тој управувал камион наполнет со експлозив, кој експлодирал во комплексот на фирмата за логистика, која работи за меѓународните заштитни трупи во Авганистан, предводени од НАТО. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанските бунтовници. По нападот се судриле талибанските милитанти и авганистанските безбедносни сили. Во судирот учествувале и војници од ИСАФ, при што талибанците беа неутрализирани.

Бројот на смртоносни напади во земјата и натаму расте. Во средината на минатиот месец домашните трупи ја преземаа одговорноста за безбедноста ширум земјата. До крајот на 2014 година е планирано меѓународните борбени трупи во рамките на мисијата ИСАФ да ја напуштат земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми