1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Напад со нож во центарот на Глазгов

Јенс Јенсен
26 јуни 2020

Полицијата во Глазгов денеска усмрти лице кое со нож повредило повеќе луѓе. Во моментов се смета дека напаѓачот дејствувал сам.

Schottland | Messerstecherei in Glasgow: Polizeieinheiten
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Milligan

Заменикот претседател на шкотската полиција Стив Џонсон изјави дека според досегашните информации во нападот се повредени шест лица. Меѓу повредените е и еден полицаец, кој е пренесен во болница. Неговата состојба е „критична, но стабилна“, наведе Џонсон.

Полицијата на Твитер предупреди од „инцидент“. Во центарот на Глазгов е блокирана една улица. За населението, како што се вели, нема опасност.

Во меѓувреме, британските медиуми јавуваат за повеќемина загинати. Три лица, кои биле избодени на скалите на еден хотел, веројатно не го преживеаја нападот, јави Би-Би-Си. Жена сведок за Скај Њус изјави дека видела како спасувачите им пружаат помош на луѓе облеани во крв.

Меѓу повредените во нападот е и еден полицаецФотографија: picture-alliance/empics/A. Milligan

Нападот се случил во близина на железничката станица Глазгов Квин Стрит, помалата од двете главни железнички станици во градот.

Британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер напиша дека е „длабоко погоден“ и дека со мислите е кај „сите жртви и нивните семејства“.

Пред само неколку дена човек со нож нападна посетители на еден парк во британскиот град Ридинг. Притоа беа убиени три лица, а повредени беа повеќемина. Медиумите цитираат роднини и поранешни соседи на осомничениот напаѓач кои зборуваат за психичко заболување на човекот. Полицијата и натаму води истрага за можен терористички напад.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми