1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Напад со секира на главната железничка станица во Диселдорф

СН/ агенции
10 март 2017

Големата тревога траеше повеќе часа: на централната железничка станица во Диселдорф, лице со секира нападна и повреди повеќе лица. Напаѓачот е уапсен и веројатно имал психички проблеми.

Verletzte bei Axt-Attacke im Düsseldorfer Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Young

Најнапред во воз а потоа и на главната железничка станица во Диселдорф, лицето вооружено со секира неселективно ги напаѓало минувачите и притоа повредило седум лица. Три од нив се потешко повредени, соопшти полициски портпарол.

Напаѓачот по нападите одел по шините и скокнал од мост висок неколку метри на улицата под него, при што се повредил. Лицето потоа било однесено во болница и најнапред не можело да се зборува со него, соопшти полицијата. Преку социјалната мрежа Твитер полицијата подоцна ги објави првите податоци за уапсениот. Лицето со живеалиште во градот Вупертал потекнува од поранешна Југославија. Полицијата уште соопшти дека според тековните истраги, поаѓа од тоа дека напаѓачот дејствувал сам. Сѐ уште е нејасно кои биле мотивите на напаѓачот.

Инаку централната железничка станица во Диселдорф беше евакуирана и затворена неколку часа. По нападот над зградата на станицата и над центарот на градот кружеше полициски хеликоптер. Очевидци набљудувале како повредените биле изнесени од железничката станица пред која се наоѓале десетици возила на итна помош.

Полицијата го уапси напаѓачот со секира во Диселдорф

01:08

This browser does not support the video element.

Во минатото во Германија во повеќе наврати беа извршени напади со секири од страна на сторители со психички проблеми. Во минатиот јули еден 17-годишен барател на азил- со секира и со нож- нападна неколку патници во регионален воз во близина на градот Вирцбург. Пет лица беа потешко повредени а полицијата смртно го застрела напаѓачот, кој преку видео снимка објави дека е борец на таканаречената Исламска држава.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми