1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Напаѓачот од Берлин со психички проблеми?

ЕМФ | АРД
9 јуни 2022

Влетувањето на автомобил во група луѓе во Берлин не е несреќа, туку, како што се претпоставува, напад на најверојатно психички растроен човек.

Deutschland, Berlin | Auto in Passanten gefahren
Фотографија: Michael Sohn/AP/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц и градоначалничката на Берлин, Франциска Гифај, зборуваат за напад. Берлинската полиција, пак, соопшти дека „постојат тенденции“ дека се работи за напад, но сѐ уште се истражува во сите насоки.

Гифај оцени дека вчерашниот ден (8.06) бил „црн ден во историјата на градот Берлин“. Првичните сознанија од истрагата, според Гифај, укажуваат „дека се работи за напад на човек со тешки психички проблеми“. Во моментов се прават напори со помош на преведувач од напаѓачот да се извлече нешто повеќе од само „делумно збунети изјави“.

Дваесет и деветгодишниот маж со ерменско потекло вчера влета со својот автомобил во група луѓе во квартот Шарлотенбург, во Берлин. Во групата се наоѓале и ученици од Бад Аролзен, од покраината Хесен. Нивната наставничка загина. Според полицијата, повредени се 14 лица.

Градоначалничката на Берлин, Франциска Гифај, на местото каде што автомобилот влета во група луѓеФотографија: Annegret Hilse/REUTERS

Индиции за психички проблеми

Берлинската сенаторка за внатрешни работи, Ирис Шпрангер, оцени дека се работи за „напад на психички растроен човек“.

Берлинската полиција исто така зборува за индиции кои ја поддржуваат „теоријата за вонредна психичка состојба“. Но, како што се додава, тоа е само една од повеќето верзии, така што истрагата продолжува.

- повеќе: Шок во Берлин откако автомобил влета во група луѓе

Во текот на вчерашниот ден беше извршен претрес на станот на возачот. Во автомобилот се најдени документи и плакати со изјави кои, според Шпрангер, се поврзани со Турција, но не е најдено нешто слично на писмо со признание. Напаѓачот, како што соопшти полицијата, им бил познат на органите на редот поради повеќе деликти, но тие не се поврзани со екстремизам.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми