1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напаѓачот од Вирцбург имал знаме на „Исламска држава“

СН/дпа/ртр/афп19 јули 2016

Во градот Вирцбург, 17-годишен Авганистанец со секира и ножеви тешко повреди повеќе патници. Полицијата го застрела напаѓачот. Во собата на напаѓачот пронајдено е знаме на „Исламска држава“, кое самиот го нацртал.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K.-J. Hildenbrand

Четири лица се потрешко повредени, две од нив се во животна опасност. Петто лице се здобило со полесни повреди, соопштија полицијата и државното обвинителство во Вирцбург. Првично се говореше за три тешко повредени лица. Уште 14 други патници во возот во кој беше извршен нападот, се наоѓаат во состојба на шок, но минале без повреди.

Министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија во која се наоѓа Вирцбург, Јоахим Херман истакна дека напаѓачот е 17-годишно лице кое потекнува од Авганистан. Според првичните сознанија, младиот Авганистанец како малолетен бегалец без придружба на родители дошол во Германија пред две години. Определено време живеел во лизина на Вирцбург во едно прифатилиште во местото Оксенфурт, а негово последно живеалиште било во домот на едно покровителско семејство.

Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Полицијата истражува можна исламистичка заднина

На прашањето дали нападот би можел да има исламистичка заднина, министерот Херман, изјави дека постојат индиции, кои меѓутоа сѐ уште мора да бидат проверени, дека напаѓачот упатил исламистички извик. Според портаропол на баварското министерство за внатрешни работи Авганистанецот извикал „Алах е голем“.

Напад во воз во Германија

01:06

This browser does not support the video element.

За германските телевизии, Херман изјави дека во собата на 17-годишниот напаѓач било пронајдено знаме на терористичката милиција „исламска држава“, кое самиот го нацртал. Сега, истакна Херман, истрагата мора да утврди дали младиот човек можеби самиот се радикализирал. За време на неговиот престој во Германија тој не им паднал во очи на безбедносните служби како сомнителен исламист, изјави Херман. Истрагата спроведува сослушувања во прифатниот дом каде што најнапред живеал и во семејството кај кое престојувал во последно време.

Полициски специјалци го застрелале напаѓачот

Во населбата Хајдингсфелд во Вирцбург, возот бил запрен откако еден од патниците ја притиснал сопирачката за вонредна состојба. Според Херман, во тој момент напаѓачот со неговите оружја избегал од возот. Специјална единица на полицијата која се наоѓала во близина поради друга акција тргнала во потрера по младиот Авганистанец. Тој бил застрела кога за време на бегството ги нападнал и специјалците.

Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-J. Hildenbrand

Повредените се од Хонгконг

Четири од повредените лица потекнуваат од Хонгконг. Ова го потврди и премиерот на Хонгконг Леунг Чун-Јинг. Тој го осуди нападот и им изрази сочувство на жртвите и на нивните семејства. Службениви од Економското претставништво на Хонг Конг во Берлин ги посетија повредените во болницата во Вирцбург. Според наводите на медиумите од Хонг Конг повредените се членови на едно семејство на туристичко патување во Германија, и оти сосем случајно се нашле во возот.

Случајот во Вирцбург потсетува на нападот со нож пред околу два месеца во воз во местото Графинг кај Минхен, кога вооружен маж усмрти еден 56-годишен патник, а потешко повреди уште тројца патници. На сослушувањето беше утврдено дека 27-годишниот напаѓач има душевни проблеми и привремено беше притворен во психијатриска клиника.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми