Информациите од САД за успешни резултати за вакцина против коронавирус им даваат крилја на фантазијата и на берзите. Низ цел свет научници, финансиери и политичари се ангажирани во операцијата – вакцина.
Реклама
Повеќепати се случува берзите да бележат скок поради информации за вакцина. Но на почетокот од оваа недела скокот на берзите беше прилично голем, од Њујорк, преку Токио до Франкфурт. Повод беше веста од фармацевтскиот концерн Модерна, прв кој во САД тестираше средство против Ковид-19 врз луѓе. Вакви тестови во пракса има и во Кина, Велика Британија и Германија. Но, посебно во САД се влеваат огромни пари во проектот вакцина против Ковид-19. Во светски рамки се експериментира со преку 100 евентуални средства за добивање вакцина. Бројот на проекти за добивање вакцина е преку 120, од мали фирми како Biontech од Мајнц или CureVac од Тибинген, па до светски концерни како Санофи и Модерна од Бостон во САД.
Акциите на Модерна забележаа скок од 20 проценти откако потенцијалната вакцина на концернот покажа ветувачки резултати по првите тестови. Американската здравствена агенција ФДА најави давање дозвола за средството по забрзана постапка. Модерна, според сопствени наводи, има договор со швајцарската фармацевтска фирма Лонза за да може да ја произведува вакцината во поголеми количини по обезбедувањето лиценца.
Вакцина mRNA-1273
Вакцината на Модерна, mRNA-1273 кај осум од 45 пробанти предизвикала имунолошка реакција, соопшти концернот. „Иако резултатите не се официјални, тековните резултати од првата фаза покажуваат дека вакцинирање со mRNA-1273 може да предизвика имунолошка реакција споредлива со онаа предизвикана од природно добиена инфекција", изјави Тал Цакс, медицински раководител на Модерна. Целосните резултати на првата фаза на клиничкиот тест уште не се познати.
Американската влада вложува милијарди во развојот на вакцина преку две различни програми. Првично Вашингтон се потпираше на приватното стопанство и соодветна програма за поддршка. За таа цел државната служба БАРДА („Biomedical Advanced Research an Development Authority") става на располагање 3,5 милијарди долари. И Модерна добива пари од тоа. Нешто подоцна дојде операцијата Warp Speed, која првпат беше спомената во април, а во меѓувреме американскиот претседател Трамп ја претстави и во јавноста, но во делови. Развојот на вакцина против коронавирус е државна задача и за таа цел се обезбедени 10 милијарди долари, изјави Трамп, потсетувајќи на американскиот проект за развој на атомска бомба во 1940-те години. Warp Speed е нешто како надсветлосна брзина, деталите на програмата се тајна, но познато е дека се испитуваат 14 можни вакцини.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Клинички тестови
Од Вашингтон до Оксфорд во Велика Британија: научниците од тамошниот универзитет уште во април започнаа клинички тестови со преку 1000 доброволци. Проектот се одвива во соработка со фармацевтскиот гигант Астра-Зенека. И овде намерата е потенцијалната вакцина брзо да се произведе во повеќе милиони дози.
За ваква поддршка на научните испитувања и обезбедување производство, Европската унија неодамна собра 7,4 милијарди евра на меѓународна конференција. За доделувањето на овие средства не се важни националните граници. Biontech од Мајнц од пред извесно време ги врши првите клинички студии во Германија врз здрави лица, првични резултати се очекуваат во јуни. Овде партнери се американскиот концерн Пфајцер и кинеската фирма Фосун фарма. Доколку потенцијалната вакциа се покаже успешна, Пфајцер може за кратко време да произведе милиони дози вакцина, изјави шефот на Biontech, Угур Сахин. Друг изгледен играч во напнатата светска трка за вакцина е CureVac од Тибинген. Според косоптвеникот Дитмар Хоп, овде клиничките тестови би можеле да почнат во раното лето, а до есента да се лиферува евентуално вакцина.
Но, ваквите временски планови се преамбициозни, зашто тест-фазата мора да докаже на илјадници пробанти дека вакцината навистина делува и не предизвикува штети. Во секој случај, трката во фармацевтската бранша е во полн замав. „Ова е изедначена и неизвесна трка", вели Тило Калтенбах, здравствен експерт во консултантската фирма Роланд Бергер, додавајќи: „Никогаш досега немало поконцертирана акција со толку истражувачки фармацевтски фирми".
Налог за генералот
Олаф Телке, фармацевтски експерт во рејтинг-агенцијата Скоуп, не верува дека до крајот на годината ќе постои вакцина против коронавирус. Развојот на вакцина чини стотици милиони евра, истакнува тој. „Фирмите сносат ризик да доцнат во однос на конкуренцијата." Овој ризик треба да биде амортизиран со јавните средства за поддршка.
„За милијарди луѓе да можат да бидат вакцинирани против коронавирус, вакцината треба да не биде многу скапа", вели Телке. Сепак, вакцина за фарма браншата би била лукративен бизнис. „Оној кој прв ќе произведе вакцина, може да се надева на добивка од милијарди евра. Цел свет ќе се втурне кон вакцината."
Кина притоа има очигледна предност. Уште во средината на јануари Чен Ви, генерал-мајор во кинеската војска, како што пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, добил налог да работи на создавање вакцина. Остатокот од светот дури на крајот на јануари доби пристап до првите проби од новиот коронавирус.
Витамин Ц: Добар за имунитет и за сузбивање на инфекции
Токму во време на Ковид-19 е особено важно да се има функционален имунолошки систем. На телото затоа му се потребни доволно микронутриенти, на пример витамин Ц. А него го има во овошјето и зеленчукот.
Фотографија: picture-alliance/Zoonar/D. Freigner
Јади ме!
Најголем дел од животните - цицачи можат да го синтетизираат витаминот Ц, значи сами да го произведуваат. Но, не и луѓето. Ние мораме да го земаме преку храната. Витаминот Ц го има во киви, портокали и грејпфрут, но и во зеленчук како прокељ, брокула и пиперка. За жал, тој е чувствителен на температура, затоа, внимавајте при готвењето!
Фотографија: picture-alliance/Zoonar/S. Schnepf
Помалку мистерија, повеќе биохемија
Витаминот Ц не е важен само за старите луѓе, болните и вегетаријанците. Неговите биохемиски функции во секое тело се исти и подеднакво важни. Витаминот Ц спаѓа во микронутриенти, кои на организмот не му даваат енергија, но сепак се есенцијални за неговите основни функции. Во нив се вбројуваат метаболизмот и нашиот одбранбен систем.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gabbert
Радикален ловец на слободни радикали
Како антиоксидант, витаминот Ц ги редуцира штетите кои ги предизвикуваат т.н. слободни радикали, штетни молекули кои ја нарушуваат структурата на здравите ткива во организмот. Овие радикали настануваат при нормалните процеси на метаболизам. Но штетни материи, како на пример цигарите, водат до оксидативен стрес и зголемено настанување на слободни радикали, па се зголемува и потребата од витамин Ц
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Rothermel
Јагоди за ензимски активности
Витаминот Ц од овие јагоди во човечкото тело не се користи само за заштита од слободни радикали, туку тој е важен т.н. кофактор при цела редица ензимски активности, како на пример синтеза на протеинот колаген. Колагенот е дел од тетивите, коските, рскавицата и кожата. Бавно и лошо заздравување на некоја рана од оваа причина може да е знак за недостиг на витамин Ц во организмот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst
Противнапад со помош на грејпфрут
На телото му е потребен витамин Ц за да може да се одбрани од инфекции. Витаминот Ц не само што е задолжен за заштита на клетките, туку во случај на инфекција преминува и во напад. Тој стимулира преместување на имунолошките клетки, т.н. неутрофили на местото на инфекција, ја поттикнува фагоцитозата - разградување и отстранување на штетните материи и убивање на вирусите.
Поголем недостиг од витамин Ц може да доведе до скорбут. Забавено заздравување на рани, модрици, опаѓање на косата, крварење на непцата и губење на забите, како и болки во зглобовите се симптоми на оваа потенцијално смртна болест. За заштита се доволни веќе 10 милиграми витамин Ц дневно. Доволно витамин Ц во телото значи и помал ризик од висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Колку е доволно?
Според Централата за заштита на потрошувачите, препорачана дневна доза на витамин Ц за мажите е околу 110 милиграми, за жените - 95. Научниците од Државниот универзитет Орегон пак на сите возрасни им препорачуваат 400 мг витамин Ц дневно. Тврдат, тој е безопасен и ако се „предозирате“, ќе се исфрли преку урината. Нема разлика дали го внесувате преку храната или таблети, велат експертите.