Направен првиот чекор?
13 февруари 2007Северна Кореја во наредните 60 дена ќе го затвори реакторот ЈонгБјон кој е средиште на нејзината атомска програма и ќе им дозволи на меѓународните инспектори да го посетат комплексот- изјави претпладнево во Пекинг кинескиот преговарач во шестпартитните разговори Ву Давеи , соопштувајќи на тој начин детали од планот за почеток на разоружување на Северна Кореја . Според планот Кореја, за возврат ќе доби 50 илјади тони нафта и економска помош во иста вредност .
Пјонг јанг треба да добие и дополнителни 950 илјади тони нафта или економска помош во иста вредјност , кога ќе направи натамошни чекори за онеспособување на своите нуклеарни капацитети и целосно го запре збогатувањето на ураниум- стои во планот за кој се договорија преговарачите од САД, Кина , Северна Кореја , Јапонија , Русија и Јужна Кореја на крајот од маратонските разговори во Пекинг кои започнаа минатиот четврток .
Кинескиот преговарач Ву Даваи , истотака истакна дека Северна Кореја и САД се договориле да започнат директни разговори со цел обновување на дипломатските подноси , а САД се обврзале и дека ќе започнат полека да го симнуваат Пјонгјанг од листат на земји кои го подржуваат тероризмот , доколку тој го испочитува договорот за негово нуклеарно разоружување.
Истотака договорена е и наредна рунда од шестпартитните преговори , која би требало да се одржи на 19 март .
Американскиот преговарач Кристофер Хил претходнно го опиша нацрт договорот како извонреден и изјави дека администрацијата на претседателот Џорџ Буш јасно го подржала:
“Разговарав со државниот секретар Рајс , повеќепати во текот на минатат ноќ и таа ги знаеше деталите и ме советуваше од момент во момент ”- изјави Хил.
Инаку овој првичен договор постигнат во Пекинг се случува четири месеци откако Северна Кореа го вознемири светот со својот прв тест на нуклеарно оружје, што предизвика и глобална осуда .
Инаку пред крајот на најновите шестпартитни преговори во Пекинг и објавувањето на постигнатиот договор, јужнокорејскиот преговарал Чун Јунг Ву истакна дека предводникот напреговарачката делегација на Пјонг Јанг Ким Кје Гван се согласил со сите детали на нацрт спогодбата .