1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наредниот фронт: Либија

Макс Хофман Превод: СН3 февруари 2016

Успесите на коалицијата против ИД во Ирак и во Сирија ја потиснуваат терористичката организација во насока на Либија. Западот таму речиси и да нема да може да избегне воен ангажман, смета Макс Хофман.

Фотографија: Getty Images/AFP/M.Turkia

На почеток добрата вест: Околу 10 илјади воздушни напади имаа дејство. Коалицијата против Исламска држава успеа да поврати натамошни делови од територии во Ирак и во Сирија и - што е уште поважно- и градови како Тикрит и Рамади во Ирак и Кобани на турско-сириската грани8ца. Коалицијата со сета сила се обидува да ги возобнови инфраструктурата и нормалното секојдневие, да ги отстрани мините, да го обезбеди теренот, да ги реконструира училиштата.

Сега и лошата вест: Ако коалицијата сака навистина да ја уништи терористичката организација, тогаш мора да го стори токму тоа и уште повеќе во Либија.

Во ичекување на влада на национално единство

Со сигурност стратегијата на коалицијата не е перфектна: на пример недостасуваат копнени трупи. А ситуацијата посебно во Сирија е комплексна, така што вклучените земји се и натаму далеку од крај на мисијата. Но комбинацијата од меѓународните воздушни напади и локални копнени трупи- обучени од земјите од алијансата- функционира барем толку добро, што многу борци на ИД се префрлаат во Либија. Таму наидуваат на со хаос наквасено а со тоа плодно тло, и освен тоа богати финансиски извори, посебно од трговијата со луѓе. А ако така продолжи и контрола над огромните нафтени полиња.

Официјалниот план на коалицијата е што е множно побргу да се формира влада на национално единствово Либија, за да се спречи смртоносната фрагментација на земјата. Американскиот државен секретар Џон Кери во Рим изрази оптимизам дека оваа влада набргу ќе биде формирана. Зад кулисите, меѓутоа, Британците, Италијанците и дрги веќе дискутираат за воена операција. Тие немаат друг избор.

Макс Хофман

Сеедно даали како поддржувач на владата на национално единство или под знамето на Обединетите нации, делотворното справување со ИД и во Либија ќе функционира само со сличен рецепт како во Ирак и во Сирија, Со нејзината комплексност Либија дури би можела да претставува еден сосема нов предизвик: без единствена армија, која може да биде обучувана, тотално закрвени групации кои сѐ подлабоко се вкопуваат во сопствените ровови и без никаква државна инфраструктура врз која може да се потпре коалицијата.

Поопасно за Европа

Но и да се гледа настрана не е опција, зашто она што е во игра во Либија, би можело да биде уште поопасно за Европа од ситуацијата во Сирија. што се 17 милиони потенцијални воени бегалци од Сирија во споредба со африканскиот континент на кој живеат една милијарда луѓе. Либије веќе сега е излезна врата кон Европа за оние кои сакаат да се спасат од сиромаштијата, војната или диктаторите. Кога наскоро ќе настапи пролетта, бродовите за криумчарење на бегалците повторно ќе запловат кон Европа од либиското крајбрежје.

Тоа значи дека без оглед дали сега ќе има влада на национално единство во Либија или не, коалицијата наскоро во Либија ќе мора да отвори втор воен фронт против ИД. Тоа при средбата на министрите за надворешни работи во Рим постојано меѓу редови можеше да се чуе пред сѐ од италијанската страна. На граѓаните во многу земји од коалицијата, посебно во Германија, тоа нема да им се допадне. Но ако досегашниот ангажман во Ирак и во Сирија покажа нешто , тогаш тоа е дека дипломатските мора да бидат проследени и со воени мерки. Поинаку ИД не може да се победи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми