1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Народна банка: Раст од 3,9% и инфлација од 3,1%

ДТЗ
9 ноември 2021

И покрај енергетската криза и растот на глобалниот раст на цените, засега не се очекуваат шокови.

Mazedonien Geld Denar
Фотографија: DW/E. Milosevska Fidanoska

Народната банка предвидува закрепнување на економијата со раст од 3,9% за оваа и за следната година. На среден рок се очекува умерено забрзување. Инфлацијата е проектирана на 3,1 процент и направена е умерена нагорна корекција во однос на априлската проекција, а следната година се очекува инфлацијата да биде 2,4 проценти.

И покрај енергетската криза и растот на глобалниот раст на цените, засега не се очекуваат шокови. Проекциите на меѓународните финансиски институции се дека наредната година ќе има стабилизирање во енергетскиот сектор. 

„Будно ги следиме состојбите особено кај енергетскиот сектор и кај глобалниот раст на цените, но засега не се очекуваат шокови, се очекува инфлацијата да остане во умерени рамки“, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. 

Дефицитот се очекува да остане во умерени рамки на ниво од 3,8 проценти, а на среден рок да изнесува околу два проценти од БДП, слично на преткризното ниво. Државните резерви изнесуваат 3,6 милијарди евра што е високо ниво во споредба со 2008 година кога изнесувале 1,5 милијарди евра. Позитивни движења се забележани и кај странските директни инвестциии кои во првата половина од годинава изнесувале 190 милиони евра за разлика од истиот период лани кога изнесувале 130 милиони евра. 

Светската банка во октомври прогнозираше  дека економијата во Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 4,6 отсто. За наредната година се предвидува растот на БДП да изнесува 3,7 отсто, а во 2023 година - 3,4 отсто. Во полугодишниот извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан, се наведува дека инфлацијата ќе изнесува 2,4 отсто, но се очекува идната година да се намали. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми