1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Народните кујни се борат против сиромаштијата на Божиќ

Кристина Бекер
25 декември 2018

Печено месо, греано вино и подароци, тоа што за многу луѓе е составен дел од празникот, за сиромашните е луксуз. Тие се среќни што има народни кујни како на пример таа во Бон.

Köln Holweide Tafel
Фотографија: DW/N. Martin

„Ако тука земам храна, со парите што ми остануваат можам на децата да им купам облека", вели таткото на три деца. Заедно со други жени, мажи и деца тој трпеливо си чека да дојде на ред пред народната кујна во Бон.

Името не сака да си го каже бидејќи се срами. Секоја среда попладне доаѓал тука и зема овошје, зеленчук, леб и млечни производи. За кујната дознал од познаници. Сопругата имала психички проблеми, ни раскажува тој. И помагал за готвење и се грижел за децата.

Подароци за Божиќ

Распределбата на храна во кујната ја организираат преку сто доброволци. Кога се празници имаат уште повеќе работа отколку вообичаено. „Сѐ обидуваме за нашите корисници за Божиќ да направиме посебни пакетчиња," вели менаџерот Хорст Дитер Тонтарски и покажува кон кутиите со мандарини кои граѓанин на Бон ги донирал специјално за кујната. Некогаш и супермаркети и физички лица донираат божиќен колач, кафе и вино.

За секое семејство годинава има пакет со храна и играчки за малите, кои донаторите самите ги пакуваат. Преку 700 шарени пакетчиња се до сега собрани во соседната црква. Меѓу нив има доброволци кои сортираат и внимаваат да не снема нешто. Една од нив е 22 годишната Изабел. Таа веќе две години 3 до 4 часа секоја недела помага тука. Работата во кујната за неа е „супер активност" и „занимација покрај студиите која има смисла".

Фотографија: DW/K. Becker

Да не се фрла храна

Изабел разговара со 72 годишниот Бернд. Тој носи капче и и се насмевнува. Поранешниот пензиониран чиновник сакал "да се занимава со нешто паметно". Да им се помага на луѓе е само една страна на медалјата. Тој сака „да се заложи и за тоа да не се фрла храната од домаќинствата.”

Повеќе:

-Сиромаштијата во Германија зема замав

-Германија: Сиромаштијата се зголемува и покрај економскиот раст

-Германија: Сиромаштијата зависи од цените

Кујните во Германија спојуваат две цели: чуваат прехрамбени производи кои веќе не може да се продаваат во маркетите и потоа ги распределуваат на сиромашен народ. Според сопствените податоци, на тој начин поддржуваат околу 1,5 милиони луѓе. Сепак, количината на храна која се фрла, а можела да биде искористена е се уште многу голема. Според информации на ВВФ годишно се уништуваат околу 18 тони храна, односно третина од продуцираната храна во светот.

Големо чуство на срам

И покрај тоа што народните кујни одамна се етаблирани како инстутуции во Германија, на многу деца одењето таму им е се уште e поврзано со срам. Поголемиот дел од луѓето кои одат таму да се хранат дури не сакаат да зборуваат со нас и да ни ја раскажат својата приказна. Еден пензионер ни кажа само дека за народната кујна дознал на радио. „Јас и мојата сопруга добиваме финансиска помош од државата", се жали овој 74 годишен маж, „но тоа не е доволно. Неопходна ни е и помошта од бонската народна кујна." Веќе две години тој доаѓа тука по храна.

Фотографија: DW/K. Becker

Истражувачот на сиромаштија Кристоф Бутервеге не е изненаден од срамежливото однесувањето на луѓето кои се корисници на народните кујни. „Да си сиромашен во богата земја, истовремено значи да си маргинализиран, стигматизиран и вината за тоа што те снашло е твоја," вели Бутервеге. "Никој не ги прашува сиромашните во Најроби: објасни зошто си сиромашен? Но корисниците на државната помош Харц 4 во Германија се прашувани: да не си мрзливец, да не си некој кој се крие од работа или социјален паразит?"

Во богатата Германија не е реткост да се биде сиромашен. Според државниот завод за статистика речиси секој петти е изложен на ризик од сиромаштија или социјално загрозен. Во најновиот извештај за сиромаштија се вели дека во Германија има речиси 14 милиони погодени.

Народните кујни не можат да направат многу за причините за сиромаштија, но може да им помогнат на засегнатите. Додека излегувавме од таму, на таткото на едно тричлено семејство му дадоа храна. Тој е многу благодарен дека постои народната кујна во Бон - особено сега за Божиќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми