1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилството нема ниту националност ниту религија

15 декември 2016

На социјалните мрежи многумина беа сигурни во тоа, но насилникот од берлинската подземна железница не е ни бегалец, ниту муслиман. Му припаѓа на народот кој токму се плаши од бегалци и муслимани, вели Александер Андреев.

Berlin Überwachungskamera U-Bahn Hermannstraße - Angriff auf Frau
Фотографија: Polizei Berlin

Сцената е одвратна. Млад маж без никаква причина со нога удира во грб една жена, која потоа паѓа по скалите на една станица на подземната железница во Берлин. Мажот ладнокрвно оди понатаму, како и неговиот придружник кој зема едно празно шише од пиво. Ниту едниот ниту другиот не водат сметка за жената, која на дното на скалите се обидува да се соземе:

Полицијата оваа видео-снимка минатата недела ја објави на интернет и оттогаш ја видоа милиони луѓе. Поголемиот број изразува бес, но се случи и ова: од англиските блогери преку германските форуми до хрватските или бугарските таблоиди - секаде беше изразено сомнение или дури тврдење дека напаѓачот е сигурно бегалец, мигрант, муслиман. Со заклучок: „Така се исплатува културата на добредојде на Ангела Меркел!“

Брутално

00:37

This browser does not support the video element.

Напаѓачот - граѓанин на ЕУ

Во меѓувреме полицијата го идентификуваше напаѓачот и тројцата негови придружници. Наводно се работи за Бугари, кои се во роднински врски. Во меѓувреме сите четворица исчезнаа, се претпоставува дека побегнале во својата татковина.

Со оглед дека се работи за граѓани на ЕУ кои можат слободно да се движат во целата Унија, барањата за протерување немаат смисла.

Всушност и онака таквите барања не би требало да играат никаква улога. Бидејќи, независно од тоа дали сторителот е Германец, Бугарин, Исланѓанин или бегалец, неговото недело останува брутално злосторство кое треба најостро да се казни. Освен тоа, ова е повод да се размисли за две работи:

Прво, за лавината лажни вести и полувистини, со кои сме сѐ почесто соочени на интернет. Тоа се лажни вести и полувистини кои се најчесто затруени со пропагандни пораки, а кои - кога неколку милиони пати се повторуваат - треба  да предизвикаат страв и предрасуди. „Насилство во Германија? Сторителот бегалец, тоа е јасно!“- беше една од популарните отровни пораки во поново време.

Александар Андреев, автор на коментарот

Секаде има идиоти

Второ, пред да се впери со прст кон некоја конкретна група како потенцијални насилници и злосторници, треба прво подобро да размислиме за нашето комотно „ние“ кое предизвикува гордост. Бидејќи, во секоја нација како и во секоја поголема група има брутални насилници и криминалци, поради чии злодела сите мораат да се срамат. Поради случајот во Берлин прво би морале да размислат Бугарите, наместо и натаму да го искористуваат во своја масовна хистерија против бегалците и муслиманите.

Во меѓувреме полицијата ги бара сторители на слични злосторства што се случија минатиот викенд во Минхен и Штутгарт. Кој знае на која група ѝ припаѓаат сторителите? И натаму важи: насилството нема ни нација ни вера. „Татковина“ на таквите брутални злодела е едноставно човекот, независно од неговото потекло. А нивната „вера“ е омразата - без разлика кон кого или зошто.

 

Александар Андреев Александар Андреев е долгогодишен новинар и раководител на бугарската редакција на Дојче Веле.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми