1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилството- последна шанса за реизбор на Трамп

Инес Пол
24 јули 2020

Доналд Трамп посегна по испробан метод за победа на изборите соочен со пад на рејтингот. Но, овојпат тој не и објави војна на друга држава, туку на сопствениот народ, смета Инес Пол

USA Proteste in Portland | Bundespolizei
Фотографија: Reuters/C. Ochs

На Доналд Трамп не му се пишува добро - државата е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, се повеќе луѓе се заразени, а мртовечниците се преполни. Па сепак, претседателот и натаму инсистира дека тој за тоа нема никаква одговорност, па уште и им сугерира на граѓаните да се инјектираат со дезинфекциски средства и се шегува со идејата за носење маски во јавност.
Таквото однесување не само што ги налути неговите ривали, туку почна да му паѓа поддршката и во Републиканската партија.
Со секое натамошно влошување на состојбата со Ковид-19, расте рејгингот на неговиот главен ривал- демократот Џо Бајден. Неговата предност, според анкетите, сега е двоцифрена.
Дури и Доналд Трамп, кој го гледа светот онака како што му одговара, досега веројатно сфати дека економијата нема да се опорави до ноември. Напротив, со секој изминат ден, стапката на економското опустошување станува појасна за сите, и нема шанси администрацијата на Трамп да впумпа доволно пари во системот за тој да го надмине најлошото до изборниот ден.
На крајот, неговата мантра „За се е виновна Кина“, нема да му биде доволна на денот на гласањето.

Не е војна, но...

Претходни претседатели, а Џорџ Буш постариот е најсвеж пример, започнуваа војни во такви ситуации- војните ја обединуваат земјата и претседателите најчесто добиваат реизбор. Но, Доналд Трамп избра поинаков пат. Тој ја користи секоја можност за да ја претвори несигурноста на Американците во страв. Тој перфидно ги злоупотребува поделбите кои одамна постојат во американското општество, за дополнително да ја подели земјата.
Безгрижен за опасните последици од неговите потези, Трамп продолжува да провоцира насилство за подоцна да се претстави себеси како спасител. Тоа го прави со истата политичка тактика која му ја донесе победата во 2016. За Трамп, секогаш „другите“ се опасноста, „другите“ треба да се обвинат, и од „другите“ тој мора да ги заштити своите поддржувачи.
Тоа е многу едноставен план. Сепак, се чини дека функционира во земја која очигледно го загуби својот внатрешен компас. И секако функционира кај оние кои го тргуваа американскиот сон за бес, особено во свет во кој опаѓа водечката улога на суперсила на САД. И таа порака јасно се пренесува преку сликите кои ги користи Трамп за да ги преплави телевизиските екрани со неговиот последен политички пуч.

Солидарност со револтот во САД

01:27

This browser does not support the video element.

Случајна објава на војна

Најпрво беа испратени анонимни трупи за да ги штитат спомениците. Трамп издаде декрет во јуни со кој и овозможи на сојузната полиција да биде распоредена во градовите каде има протести против полициската бруталност и дискриминација на црните граѓани. Потоа, на 4 јули, тој и објави војна на „левичарската мафија“, која наводно го нарушуваше имиџот на славното американско минато. Медиумските фотографии од протестите во Портланд навистина наликуваа на бојно поле. Стана полошо од Авганистан, рекол Трамп неодамна во Овалната соба. Оваа тактика, се чини, добро минува меѓу поддржувачите на Трамп.
Градоначалниците и гувернерите во САД воопшто и не побараа ваква „поддршка“ од Вашингтон. Тие добро знаат дека сојузните агенти во камуфлажна опрема нема да помогнат во смирување на протестите, туку ќе предизвикаат нови судири. Тие не сакаат да гледаат како агенти во цивилка тепаат и апсат демонстранти, но Трамп ужива во таквите слики. И сака уште повеќе, затоа што ги гледа како последна шанса да биде реизбран.
Потребно му е насилство на американските улици, кое ќе доведе до контра-насилство, за да ги добие сликите кои ги посакува. Испраќањето на дополнителни сојузни агенти секако ќе му помогне да ги добие.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми