1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилство и штрајкови во предмундијалски Бразил

Филип Барт/ Симе Недевски24 април 2014

Неполни 50 дена пред почетокот на Светското превенство во фудбал, домаќинот Бразил доживува безредија, улични престрелки и штрајкови. Бразилската влада е во дефанзива.

Фотографија: picture alliance/Demotix

Поради штрајкот кој го организираше синдикатот на вработени во полиција, бразилската влада веќе плаќа висока цена. Веќе на вториот ден од штрајкот, 2.500 војници и 250 припадници на елитните полициски единици се пратени во Бахиа, кои набрзо ја преземаа контролата.

Што всушност се случи? Полицајците во Салвадор да Бахиа излегоа на улица, да го изразат незадоволството од условите за работа. Повод за штрајкот се бројните убиства и напади на полицијата во тој дел од земјата. При тоа причината за проблемите на зголемено насилство треба да се побара во конфликтите со гувернерот Жак Вагнер, од редовите на Работничката партија (ПТ) на претседателката Дилма Русеф. Барањата за зголемување на платата се завршени со судската забрана за организирање на штрајк.

Полицискиот штрајк во Салвадор покажува колку е ранлива бразилската влада, непосредно пред почетокот на фудбалското првенство (12.06.). Праќањето на специјалните сили во „кризен регион“ би можело да се протолкува како поддршка на партиски другар, но и како загрижувачки сигнал. Бидејќи пред две години тука се одигра 12-дневниот штрајк во кој се убиени 157 лица. Штрајковите на полицијата во Бразил имаат голема тенденција и не се добар знак.

Фотографија: AFP/Getty Images

Владата во дефанзива

Истовремено, нивото на насилство во тој дел на земјата доста загрижува. Во Салвадор во просек дневно се извршуваат 5 убиства. Со други зборови, кога штрајкува полицијата, насилството, нападите и убиствата се во пораст. За убиените во текот на штрајкот минатата недела, зборуваше портпаролот на покраинската влада: „Бројот на жртвите е значително поголем отколку што е тоа нормално случај, но не е драстичен.“ Меѓутоа, граѓаните се навикнаа и поради зголемениот број убиства во регионот, никој не се возбуди.

Сепак, вестите и фотографиите кои сведочат за напнатоста и насилството во Салвадор во меѓувреме го обиколија светот. Имиџот на Бразил поради тоа сериозно би можел да биде нарушен, бидејќи натпреварите на Светското првенство во фудбал ќе бидат играни и во тој град. Втора причина поради која се опасни штрајковите на полицијата за актуелната бразилска влада се претседателските избори, закажани за октомври. Салвадор е моментално во центарот на вниманието на бразилските, но и на светските медиуми. Но бразилската влада е во дефанзива.

Тоа е единствена можност и за вработените од другите професии. Од 4. април, од ден на ден се најавуваат и се организираат разни штрајкови. Најпрво беше блокирано метрото во Бразилија. Пред две недели на улица излегоа 9.000 работници во Сао Паоло.

Сојузната полиција својата борба за подобри услови за работа ја започна уште на почетокот на годината. Не е исклучено дека слично сценарио би можело да се одигра и на меѓународните аеродроми, на самиот почеток на фудбалското првенство, доколку барањата на работниците не бидат исполнети, вели Андре Ваз де Мело од синдикатот на сојузната полиција.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Штрајковите ги заменија протестите

И во угостителството, туризмот и собраќајните дејности, се бара зголемување на платите. Штрајковите се претворија во „последно средство“ во борбата за подобар живот, додава Маури Рамос од Унијата на синдикати УГТ, која ги застапува интересите на 623 синдикати ширум земјата (со 5 милиони члена). Критиките на сметка на владата се заменти со изнесување на одделни барања. Значи, масовните демонстрации во Бразил се моментално незамисливи.

На луѓето не им е до глобални протести против владеачките структури со стотина илјади учесници. Дури повремено на улиците во одделни градови можат да се видат како протестираат неколку стотини граѓани, кои бараат подобра здравствена заштита и поголема борба против корупцијата. Некои се плашат поради зголемено насилство, бидејќи сѐ уште е неизвесно дали сепак ќе дојде до штрајк на полицијата или не.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми