1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Германија мора да пресече!

Инес Пол
19 април 2018

Среде бел ден во Берлин: млад Арап го вади својот ремен и удира човек кој носи еврејска капа - кипа. Главната уредничка на ДВ, Инес Пол е сериозно загрижена за иднината на германското општество.

Symbolbild Juden in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/Rainer Jensen

Стана тажно секојдневие на интернет да се појавуваат видеа кои ги документираат антисемитистичките испади во Германија. Понекогаш тоа е еврејско знаме кое е запалено, понекогаш човек кој го навредува сопственикот на еврејски ресторан, зборува за гасни комори. Тие секогаш предизвикуваат бран на огорченост. Политичарите ветуваат дека ќе сторат сѐ што е можно за да ги заштитат Евреите во Германија. Упатуваат на историјата, на одговорноста, назначуваат уште еден ополномоштеник, најавуваат образовни иницијативи. И зборуваат за комплексни предизвици што постојат во оваа земја, која дури сега и премногу доцна официјално признава дека е доселеничка земја.

Повеќе:

-Нападнати двајца Евреи во Берлин

-„Израелското знаме во Германија има поинакво значење“

-Германското општество станува порасистичко?

Бестрашна самоподразбирливост на омразата

Сегашното видео брутално докажува дека сето ова нема да биде доволно за да му се спротивстави со нешто на бестрашната самоподразбирливост со која луѓето како овој млад човек ја изразуваат нивната омраза кон Евреите: во срцето на Берлин, на преполн плоштат и среде бел ден, млад Арап удира друг млад човек, кој носи кипа, и на тој начин може да биде препознат како наводен Евреин. Додека го вади ременот на неговото лице се огледува ладна омраза. Тој не е маскиран. Напротив - тој знае дека е сниман, жртвата ја држи телефонската камера пред лицето. И повторно и повторно јасно вика: "Снимам, снимам!" Очигледно,  на сторителот му е сеедно што неговото дело е документирано, што ќе биде препознат и оти полицијата најверојатно ќе го пронајде.

Инес Пол, автор на коментаротФотографија: DW/P. Böll

Што се случува во моментов во Германија? Ова видео е застрашувачки доказ за тоа дека германското општество итно мора да најде поинакви одговори за да ги одржи основните правила на соживотот. Вообичаените казни се чини не се доволни за да ги одвратат сторителите на вакви злодела.

Можеби помага еден поглед во училишните дворови за да се сфати каква е состојбата. Учителките и учителите со години се обидуваат да ја сензибилизираат јавноста за тоа колку во меѓувреме е самоподразбирливо младите меѓусебно да се навредуваат со зборот „Евреин“. И погледот кон текстовите на германскиот рап, кој сѐ повеќе раскинува со општествениот консензус, покажува дека изјавите непријателски настроени кон Евреите нема што да бараат во оваа земја. И оти тие не треба под никакви околности да се релативизираат и со тоа да се прифатат.   

Сака ли Германија да се бори за своите вредности и слобода?

Погрешно е да се каже, дека Евреин денес мора да смета на тоа дека на германските улици ќе биде нападнат, ако е видлива неговата религиозна припадност. Но исто толку е погрешно да се каже дека Евреин во основа не би морало да стравува дека на германските улици ќе биде нападнат, штом неговата религија е видлива.  

И точно во секој случај е тоа дека постоечките инструменти веќе не се доволни. Германија е дојдена до точка на која мора да одлучи, колку јасно сака да се бори за своите цивилизациски вредности и за своите општествени слободи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми