1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Наскоро без ЕУ-роаминг

Ж.А. /агенции
1 февруари 2017

ЕУ договори укинување на роаминг-трошоците кои корисниците на мобилни телефони ги плаќаат кога разговараат во друга земја на Унијата. Мобилните оператори меѓусебно ќе ги пресметуваат трошоците за користење на мрежите.

Symbolbild - Frau telefoniert mit Handy
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose

Според планот, дополнителните трошоци за роаминг во рамките на ЕУ треба да бидат укинати до 15. јуни оваа година. Испраќањето СМС-пораки и пребарувањето на интернет наскоро нема да чинат повеќе отколку кога граѓаните истото го прават од дома. Институциите на ЕУ синоќа постигнаа компромис околу последните детали, соопшти Европската комисија.

Мобилните телефонски оператори ќе си ги испраќаат меѓусебно сметките за користењето на нивната инфраструктура и тоа по цена која ќе ги покрива нивните вкупни трошоци. Двете страни треба официјално да го потврдат договорот. „Ова беше последното делче во сложувалката“, соопшти надлежниот вице-претседател на ЕК, Андрус Ансип.

Со договорот, ЕУ етаблира горна граница од 3,2 центи за повици и еден цент за СМС-порака. Во однос на интернет-волуменот, горната граница постепено ќе се намалува од првично 7,7 евра по гигабајт од 15. јуни на крајни 2,5 евра по гигабајт од 1. јануари 2022. година. Овие цени се за околу 90 проценти пониски од сегашните ограничувања.

Фотографија: picture alliance/Blickwinkel/M

Успех по десетгодишни преговори

„Договорените горни граници ќе обезбедат понудувачите да можат да ги покријат своите трошоци насекаде низ Европа, но истовремено се доволно ниски за да овозможат конкуренција на европските пазари на телефонија“, изјави финската европратеничка Миjапетра Кумпула-Натри, која е задолжена за темата во Европскиот парламент. ЕК есеноска се откажа од првичните планови за ограничување на роаминг-слободата на потрошувачите на 90 дена годишно.

Наместо тоа, телефонските оператори ќе можат да спречат различни злоупотреби, како на пример трајно телефонирање со евтини странски сим-картички. Меѓутоа, Европската регулаторна служба Берек правилата ги оценува за премногу непрецизни и предупредува дека телефонските компании како реакција на укинувањето на роамингот, би можеле да ги подигнат тарифиите во внатрешниот телефонски сообраќај. Укинувањето на таксите претствува крај на десетгодишен процес. Од 2007. година наваму, дозволените дополнителни трошоци за телефонирање, испраќање пораки и користење интернет во други земји во рамките на ЕУ, се намалија веќе за 90 проценти.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми