1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро германска единица за брзи интервенции во Авганистан?!

Горан Чутаноски30 јануари 2008

Според владини кругови во Берлин, на вчерашното официјално барање од НАТО, владата ќе одговори на неформалната средба на министрите за одбрана на Алијансата, закажана за наредната недела во Вилнус.

Франц Јозеф Јунг и Хамид Карзаи на разговори во КабулФотографија: AP
Доколку владата се реши да даде зелено светло за ангажманот на единица за брзи интервенции во Северен Авганистан, тогаш ние ќе сториме се‘ тоа да биде добро опремена единица – порача германскиот Министер за одбрана Франц Јозеф Јунг за време на ненајавената посета на Авганистан.
„Шефот на Генералштабот изготвува сега воен предлог, а потоа ќе ја донесам одлуката за ангажманот“ – појасни Јунг, кој на вчерашните разговори со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи вети натамошна германска помош за обновата на земјата.

Авганистан очекува позитивен одговор од Берлин

Карзаи смета со ангажман на германската единица за брзи инетервенции во соработка со другите меѓународни сили во сите делови на Авганистан – се вели во соопштението објавено во Кабул. Тоа би значело доколку е неопходна помош, 250-те германски војници да се вклучат и во борбите на југот од земјата. Германската влада до сега категорично одбиваше вклучување на Бундесверот во борбите со Талибанците на југот на Авганистан.


Што се однесува до очекувањата на авганистанската влада, портпаролот на Министерството за одбрана во Кабул, генерал Захир Азими изјави:„Секако дека се радуваме на секое засилување во Авганистан. Нам ни треба воената помош и присуството на пријателските нации. Но, сакам да нагласам дека нам најмногу ни е потербна помош на меѓународната заедница за зголемување и подобро опремување на нашата армија.“ Ова барање генерал Азими го појаснува на следниот
Војник на Бундесверот во АвганистанФотографија: picture-alliance/ dpa
начин: „Од повеќе причини: авганистанските војници се далеку поефтини од западните. Парите што се трошат за еден западен војник во Авганистан се доволни за сто авганистански. Освен тоа нашите војници полесно ќе ја зголемат довербата на населението во владата. Конечно, никому не му оди во прилог кога странски војници гинат во Авганистан. Тоа само ја загрозува меѓународната мисија во нашата земја.“ – појаснува генерал Захир Азими, портпарол на авганистанското Министерство за одбрана.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми