Наскоро почеток на политички дијалог?!
31 јануари 2007Социјалдемократите ја прифаќаат иницијативата на премиерот Никола Груевски изнесена во писмото до нивниот лидер Радмила Шеќеринска. На 2 и 7 февруари да се организира партиски дијалог. За деловникот, за уставните измени, за изборниот законик и за примена на Бадентеровото мноизинство и досегашното кадровско функционирање на етничкиот парламентраен комитет.
„Ако се има во предвид содржината на писмото, кое е полно со навреди кон СДСМ, ние имаме доволно причини и аргументи да не го прифатиме предлогот. Дополнител но сметаме дека одлките за вакви крупни работи треба да се носат на лидерско ниво. Но сепак имајќи ја во предвид многу тешката и негативна ситуација во која се наоѓа Република Македонија во моментов, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кој очигледно не е свесен за тоа, ние не сакаме да оставиме повод за понатамошно одложување на вистинскиот и реален политички дијалог.“ кажа Игор Ивановски потпреседател на СДСМ.
И владејачката Демократска партија на Албаницте ја прифаќа идејата за работни групи од четири партии во две етапи да ги разгледуваат спорните прашања за кои е неопходен политички и етнички консензус во Македонија. „Најдобар начин за решавање на проблемите е остварувањето на реформите и креирањето на една демократска држава е дијалогот.“ вели пратеникот Ружди Матоши од ДПА.
Од Демократската унија за интеграција и таборот на Али Ахмети сеуште нема официјална реакција на писмената иницијатива од премиерот Никола Груевски упатена и адресирана до лидерот на СДСМ Рамила Шеќеринска. Неофицијално ќе прифатат дебата но ќе продолжат со бојкот на парламентот.
Интегративците обвинија за мајоризација на македонското владејачко мнозинство и суспендирање на Охрискиот договор. „Охридскиот рамковен договор се спроведува со забрзано темпо, многу побрзо отколку тоа се правеше во изминатиот период. Доказ за тоа е и тоа што со новиот буџет на земјата трипати повеќе се зголемени средствата со кои ќе се овозможи правична и етничка застапеност на малцинските етничките заедници вклучувајќи ја и албанската етничка заедница. Апсолутно го отфрлам обвинувањето за мајоризација внатре во собранието на Република Македонија.“ одговори Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.