1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро секој трет во Германија ќе биде доселеник

ЖА
5 ноември 2019

Според експертите, по 20 години секој трет жител на Германија ќе има мигрантски корени. Тие пледираат земјата засилено да се отвора за работници од држави надвор од ЕУ, на пример оние од Западен Балкан

Fußgänger in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Steinberg

За да ја задоволи потребата од работна сила, Германија во иднина ќе мора да се отвори кон повеќе нации, истакнува раководителот на Одделот за истражување на миграцијата при Институтот за пазар на работна сила и професии, Херберт Брикер за денешното издание на „Велт“.

„Германија ќе стане етнички пошарена. Во моментов секој четврт жител на земјата  има  странско потекло,  а во иднина такви ќе бидат најмалку 35, можеби дури и 40 проценти од жителите“, вели економистот. Како пример го наведува Франкфурт на Мајна: „Таму уште денес секој втор има  миграциско потекло,  а во Берлин - 35 насто. Она што денес го констатираме во големите градови, во иднинa ќе биде нормална појава во целата земја. Во градови како Франкфурт, уделите на доселениците ќе се движат меѓу 65 и 70 проценти.“

Но, би се создала погрешна слика ако се смета дека во иднина Германците ќе бидат „малцинство“ наспроти „мнозинство“ од доселеници, истакнува Брикер, кој паралелно е и директор на Берлинскиот институт за емпириски миграциски и интеграциски истражувања на Универзитетот Хумболт. „Германците и натаму ќе останат бројно најголема група. Мигрантите имаат различно потекло, тие се доста ’шарени’, некои се муслимани, други будисти, мнозинството се христијани. Некои имаат факултетски дипломи, а други пак се обични работници.“

Според експертските проценки,  Германија до 2060 година ќе има потреба од 400.000 дојденци  годишно за да не се случи драстичен пад на бројноста на работоспособното население и со него ерозија на економската сила на земјата. „Во поглед на миграцијата ние се наоѓаме во конкуренција со други држави, не само кај високообразованите кадри, туку и кај луѓето со пониски квалификации“, вели Брикер. Јасно е дека во Германија ќе доаѓаат се` помалку работници од ЕУ. „Потенцијалот на доселеници од источните држави од ЕУ како Романија и Бугарија, но и Шпанија и Португалија, полека се исцрпува“, заклучува Брикер. Затоа Германија треба засилено да се отвора кон други држави, на пример  земјите од Западен Балкан  и Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми