1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро хомо-бракови во Албанија?

21 август 2009

„Муслиманска Албанија сака да воведе хомосексуални бракови“, пишува во насловот он-лајн изданието на весникот „Ди велт“ и констатира во поднасловот: Тирана така бара приближување кон Европа.

Фотографија: AP

Сали Бериша, премиерот на Албанија, во кариерата често пати се докажа како мајстор за пресврти - од личен лекар на комунистичкиот автократ Енвер Хоџа, до конзервативен шеф на влада. Но, со најновиот вратоломен потег 74-годишниот Бериша ги испрепадна дури и своите приврзаници. Токму човекот, кој инаку се бори за традиционални семејни вредности, неодамна најави закон за легализација на хомосексуални бракови, што парламентот треба да го одобри по летната пауза.

Предводник на хомосексуализмот на Балканот?

До 1995 година во Албанија хомосексуални врски беа забранети и казниви. Изгледите, на Балканот токму Тирана да се извиши до предводник за рамноправност на хомосексуалците, наидува на скептично ехо кај 3,1 милиони жители на земјата.

Состојбата на хомосексуалците во државите од регионот е прилично тешка. Дури и во Хрватска, кандидат за членство во ЕУ, неодамна половината од анкетираните хомосексуалци се исповеда дека веќе некогаш биле жртви на вербално и физичко насилство. 80 проценти ја кријат својата сексуална ориентација. Групи на поборници за граѓански права од Тирана ја оценија најавената намера на Бериша како „важен чекор кон еманципација на албанското општество“.

Меѓутоа, публицистот Ѓерѓ Еребара ја оценува подршката од премиерот за хомо-бракови не како израз на отвореност на албанското општество, туку побргу како „симбол на националниот прагматизам“, насочен пред се’ врз амбициите на земјата за членство во ЕУ.

Фотографија: dpa

Под притисок на Брисел

Брисел ги притиска државите од регионот на борба против дискриминација на малцинствата. Така, парламентот на Босна и Херцеговина во јуни усвои нов закон против дискриминација, и покрај силниот отпор на религиозните групи: црковните големци стравуваат дека тој може да служи како основа за подоцнежна легализација на хомосексуални бракови. Српскиот парламент, на лутина на православната црква, уште во март усвои закон за недискриминирање. За прв пат по 2001 година, кога хулиганите до крв ги претепаа учесниците и ја растурија последната белградска геј-парада, хомо-сцената од главниот град има намера во септември повторно да се осмели на јавна протестна поворка, известува он-лајн изданието на весникот „Ди велт“.

Автор: „Ди велт“/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми