НАТО – Авганистан
30 април 2007Реклама
Војниците на НАТО и на авганистанската армија почнаа нова офанзива против Талибанците на југот на Авганистан. Офанзивата е дел од пред два месеци почнатата операција „Ахил„. Со новата офанзива треба да се зајакне контролата на владата на Хамид Карзаи во провинцијата Хелманд, која е еден од најголемите региони во Авганистан каде што се произведува опиум.