1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО бара борбена мисија на Бундесверот во Авганистан

30 јануари 2008

По официјалното барање од страна на НАТО за промена на ангажманот, во коалицијата во Берлин владее согласност. Одлуката сепак треба допрва да биде донесена. Ова е централна тема на коментари во дневните весници

Бундесверот во АвганистанФотографија: AP
Весникот „Меркише Одерцајтунг“ во коментарот забележува: „Ситуацијата станува сериозна за германската армија. Со официјалното барање на НАТО наближува денот, кога германските војници ќе учествуваат во борбените акции во Авганистан. Тоа е нов, опасен карактер на ангажманот на Хиндукуш и покрај сите обиди на политичарите од големата коалиција, за минимизирање на опасноста на овој потфат“ пишува „Меркише Одерцајтунг“ Весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ во кометарот забележува: „Тоа е вистинска одлука која од солидарни причини требаше одамна да биде донесена. Но сепак, на министерството за одбрана тешко му паѓа, ваквата одлука, која внатрешно одамна е донесена, да и ја објасни на мнозинството критички настроената јавност. Повторно се зборува за барање на НАТО кое неможе да се одбегне. Овој пат, дури и за писмо од нивниот главен штаб. Не е нималку случајно што таквото писмо пристигна токму на денот кога министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг, беше во посета на Кабул. Овој, непотребен, дефанзивен став, не е во интерес ниту на војниците, ниту на самата расправа.“ забележува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ На истата тема е коментарот и во „Франкфуртер Рундшау“ Во текстот читаме: „Без сомнеж, станува збор за опасна задача, која досега ја извршуваа норвешките војници. Друга замена не се најде, не само заради тоа што станува збор за опасна задача, туку и заради тоа што НАТО во Авганистан функционира до границата на своите капацитети. Значи Германија нема друг избор, освен да ја преземе задачата, бидејќи во случајов станува збор за заштита на своите луѓе. Од друга страна се поставува прашањето, како НАТО ќе може да ги извршува своите задачи, ако кај се` поголем број земји недостасува политичка воља, или воена способност, за поддршка на ангажманот. Инаку наскоро би можела да започне расправа за иднината на НАТО“ заклучува во коментарот весникот „Франкфуртер Рундшау“
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми