1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција против заедничкиот буџет на НАТО

БГ /РТР
29 мај 2021

Франција е против планот на НАТО да обезбеди 20 милијарди долари во посебен фонд за соочување со воени закани, климатските промени и заканата од Кина. Париз стравува дека тоа ќе ги наруши неговите одбранбени приоритети.

Nato Truppen verlassen Afghanistan
Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Во февруари годинава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предложи сојузниците да инвестираат заеднички средства во постојниот, но мал буџет, наместо да зависат од актуелниот систем во кој секоја влада плаќа за своите воени операции.
Тоа беше одговор на долготрајните тензии со САД кои тврдат дека европските сојузници не придонесуваат доволно за сопствената одбрана. Планот има за цел да се пресретнат и предупредувањата на францускиот претседател Емануел Макрон од 2019 година, кога изјави дека НАТО е „мозочно мртов“, затоа што на алијансата ѝ недостасува јасна политичка стратегија во мултиполарниот свет по Студената војна.

Но Франција смета дека идејата, со која ќе се внесат околу 20 милијарди долари во заедничкиот буџет во следните 10 години, не им е од корист на француските воени приоритети и ќе ги пренасочи вниманието и ресурсите од изградбата на одбранбените способности на земјите-членки на ЕУ- од кои повеќето се и членки на НАТО.

„Доколку идејата е брутално да се зголеми придонесот на земјите во заедничкиот буџет и да се смени филозофијата на НАТО, со премин од национална одговорност кон нејзино разводнување, одговорот на Франција ќе биде јасно Не“, вели висок извор од француското министерство за одбрана за Ројтерс.

Од декември 2017 година, ЕУ, под водство на Франција, работи на развој на одбранбени сили независно од САД.

„За нас, ова не е прашање на НАТО против Европа, туку на НАТО против националната одбрана на секоја земја-членка“, вели истиот извор.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс СтолтенбергФотографија: Virginia Mayo/AP/dpa/picture alliance

Француските извори објаснуваат дека нивната министерка за одбрана Флоренс Парли била незадоволна од одлуката на Столтенберг во февруари јавно да го претстави планот. Претставник на НАТО за Ројтерс вели дека преговорите пред самитот биле конструктивни и дека министрите за надворешни работи и одбрана на НАТО ќе разговараат за планот на Столтенберг на 1 јуни.

Германија и другите европски сојузници, слично како и Канада, исто така сакаат да знаат на што ќе се трошат дополнителните средства пред да одлучат. Дипломати велат дека заклучокот на самитот би можел да биде само да се направи анализа за заедничкото финансирање.

„Некои Европејци се прашуваат: да го надградуваме НАТО, или да ги развиваме одбранбените капацитети на ЕУ како надополнување на НАТО?“, објаснува висок дипломат на НАТО. „Секое евро може да биде потрошено само еднаш“.

Столтенберг сака сојузниците да инвестираат повеќе во одржување на базите и нивна адаптација на климатските промени, заштита на телекомуникациите и компјутерските мрежи од сајбер напади и напади во вселената.

Заедничкиот буџет на НАТО сега достигнува само 0,3% од севкупните трошоци за одбраната, или вкупно 2,5 милијарди долари, кои претежно се користат за командата на НАТО и за воената инфраструктура. Таа бројка е пониска од историскиот просек од 0,5%, велат дипломати.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми