1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО во заштита на Олимпијадата

6 август 2004

Со оглед на терористичкита опасност не е никакво чудо што Грција обезбеди 1,2 милијарди евра за огромниот безбедносен пакет, најмногу што било кога биле потрошени за некоја олимпијада. Во обезбедувањето од терористички напади НАТО на домаќинот ќе му пружи голема помош.

Старите Грци го немале НАТО на своја страна
Старите Грци го немале НАТО на своја странаФотографија: AP

НАТО започна со интензивното надгледување на воздушниот простор на Грција. Околу 10 авакси кружат во смени преку источниот дел на Средоземјето за да открие што и да е што може да биде сомнително. Ако се открие нешто такво командната централа на НАТО во Лариса може да ги покрене пресретнувачките ловци-авиони од Грција и од други членки на алијансата. Околу Атина се поставени и одбранбени ракети од типот Патриот. Ако не се одговори на предупредување, следува наредба за напад. Меѓутоа, наредбата може да дојде само од грчката влада вели портпаролот на НАТО Џејмс Апатураи:

“НАТО во ниту еден инцидент нема активно да реагира. Ако нашите авиони откријат нешто, ќе ги информираат грчките власти и тие, а не НАТО, ќе решат што треба да се прави“.

Сето вкупно треба да трае најмногу 20 минути. За да се спречат напади од море, кружат околу 12 патролни бродови на НАТО и уште 35 на грчката морнарица. Во летувалиштето Халкида, 90 километри североисточно од Атина е сместен и анти-терористички баталјон на НАТО, меѓутоа тоа не е борбена единици, велат во Брисел. Апатураи вака ја оценува веројатноста да дојде до серизоен случај:

“Сосема сме сигурни дека Грците направија се што е можно да гарантираат безебдност. Нема никакви индиции дека претстојат напади, но мора да се биде подготвен“.

Тоталното надгледување што гордо го најави грчкиот премиер Костас Караманлис, наидува и на критики. Многумина граѓани на Атина сметаат дека се ограничени нивните граѓански права. Претседателот на Меѓунардониот олимписки комитет Жак Роге ги брани ваквите безбедносни мерки:

“Тие нема да влијаат врз атмосферата на игрите. Тие се неопходни. Ја пофалувам грчката влада за нејзините настојувања. Тоа е она што го очекува светот од Олимпсиките игри“.

НАТО кој првпат во ваков обем обезбедува помош за цивилна манифестација, операцијата ја крсти “Достоинствени игри“ , но за сосема други игри.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми