1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ги амортизира надежите на Македонија

ЕМФ/миа/ртр25 јуни 2014

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, денеска (25.06) потврди дека ниту една земја нема да добие покана за членство на претстојниот Самит во Велс.

Фотографија: DW/Petr Stojanowski

Андер Фог Расмусен денеска, пред состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК), потврди дека ниту Црна Гора, ни Грузија ќе добијат членство во септември, како што тоа не е случај и со Македонија и Босна и Херцеговина.

И покрај надежите на Грузија дека поради ситуацијата во регионот можеби ќе се забрза нејзиното приклучување кон алијансата, НАТО на самитот во Велс ќе донесе само заклучок за засилена поддршка на таа земја. Одлуката за Црна Гора пак, според извори во НАТО, ќе се одложи за наредната година.

Попоски: Расмусен потврди дека ветото останува привилегија на една земја-членка

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, по изјавата на Расмусен во Брисел рече дека ген-секот на НАТО „го потврди она што го знаеме од практиката, а тоа е дека ветото останува привилегија на една земја-членка“.

Попоски, кој во моментов е во седиштето на НАТО во Брисел на состанок на НАК со шефовите на дипломатиите на земјите-контрибутори во ИСАФ-мисијата во Авганистан, со разочарување ја прими информацијата лиферувана од Расмусен, дека нема да има проширување на самитот во Велс и во изјава за МИА порача:

„Македонија нема никаков друг предизвик кон членство, освен да помогне во внесувањето малку разум кај прекршувачот на меѓународното право во нашите сојузнички редови.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми