1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО го проширува ангажманот во Авганистан

6 октомври 2005

НАТО има намера да ги засили своите трупи во Авганистан. Во Моманетов трупите на ИСАФ се стационирани во околината на Кабул како и на север и запад на земјата. Од наредната година мисијата треба да биде проширена и на југот на земјата.

ИСАФ трупите во Авганистан
ИСАФ трупите во АвганистанФотографија: AP

НАТО го забрзува проширувањето на своето присуство во регионите на Авганистан појасни генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер, во рамките на тридневната посета заедно со претставниците на 26те членки на НАТО.

На север и запад на земјата има околу дузина бази на ИСАФ трупите. Наредната година сојузот ќе ја прошири мисијата и кон југ. Таму се активни Талибанците и групите на Ал Каеда, а безбедносната состојба во повеќе региони е нестабилна.

„НАТО експандира на југот на земјата, регион помалку пријателски отколку северот и западот. Операцијата ИСАФ се приближува на операцијата „Енјуринг Фридом“ на анти терористичката коалиција. Кристално е јасно дека е потребана соработка.“

Досега анти терористичката коалиција предводена од американските трупи се бори со бунтовниците и се обидува да воспостави мир на југот и истокот на земјата, притоа загубите на Американците годинава значително се зголемија.

Неодамна кандаските трупи во Кандахар највија дополнителни 6.000 војници така што според Јаап де Хоп Шефер бројот би се зголемил на 15.000 војници.

„Тимовите за обнова на ИСАФ имаат потреба од правила за различни сценарија. Тие ќе се приближат до задачите на анти терористичката коалиција. За жал борбата против теророт овдека сеуште е неопходна.“

Повеќе членки на НАТО меѓу кои и Германија се против спојување на двете мисии и против борбен налог за заштитните трупи на ИСАФ. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи не се меша во дискусијата. Тој дипломатски одговоара:

„Во името на народот на Авганистан уште еднаш му се заблагорауваме на генералниот секретар на НАТО и на целото НАТО за важниот придонес за мирот и стабилноста во Авганистан. Се надеваме дека НАТО ќе остане кај нас, во таа мера како и денес.“

Генералниот секретар на НАТО Шефер од своја страна смета дека е неопходно засилување на ангажманот на ИСАФ трупите:

„Оваа земја сеуште е во развој и уште долги години ќе и биде потреб на меѓународна помош.“

Истакна Шефер додавајќи дека проширувањето кон југ не е послесниот чекор:

„Конечно ќе има и четврта фаза на проширување на ИСАФ, и тоа кон југо-исток каде сега САД го има водството.“

На крајот би имало само авганистански трупи под команда на НАТО смета генерланиот секретар на Алијансата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми