1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: До статусот на Косово преку резолуција во ОН

15 јуни 2007

Иако за денеска беше најавено дека Авганистан ќе биде главната тема средбата на министрите за НАТО во Брисел повторно се повлекоа и двете проблематични теми - Косово и американскиот антиракетен штит.

КФОР е подготвен за секакви сценаријаФотографија: AP

До статусот на Косово да се дојде преку нова резолуција во СБ на ОН - се согласија министрите за одбрана на НАТО на последниот ден од дводневната средба во Брисел. Планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, повторно доби поддршка. Оценката е дека со него би се обезбедил “оддржлив економски и политички развој на Косово и би се зајакнала стабилноста и безбедноста на регионот”.

Министрите на денешниот состанок нагласија дека НАТО “нема да толерира никакво насилство и загрозување на безбедноста на Косово и дека КФОР брзо и одлучно ќе возврати на сите предизвици”.

Претставник на Алијансата за агенциите изјавил дека “никој во НАТО не сака да се дојде во ситуација во која не би имало резолуција од СБ, бидејќи во таков случај се заканува опасност да излезат на виделина разликите околу Косово во Европа, а веројатно и во Алијансата”. Во своето соопштение, министрите за одбрана ги повикаа сите актери на умерено и одговорно однесување, а властите во Приштина да ги спроведат стандардите особено во поглед на правата на малцинствата, како и да се борат против криминалот и корупцијата.

Денеска министрите дебатираа и за Авганистан. Договорено е Алијансата да испрати повеќе војници во таа земја. Според првичните најави сегашниот број од 36 000 НАТО војници ќе се зголеми на 40 000. Загрижени се и од зголемениот број на цивилни жртви. На оваа дебата присуствуваа и министрите од земјите во Партнерството за мир, меѓу кои и македонскиот министер Лазар Еленовски.

Денеска не беше заобиколена ниту темата американски антиракетен штит. Откако на вчерашната средба со новиот руски министер за одбрана Анатолиј Сердјуков не беше постигната согласност по ова прашање, денеска на истата тема со Сердјуков разговараше неговиот американски колега Роберт Гејтс. Американскиот министер и нему му повторил дека предлогот на Москва за заедничко користење на базата во Азербејџан нема да значи прекин на нивните активности.

“На средбата бев многу јасен. На радарот во Азербејџан гледаме само како на дополнително средство и продолжуваме со преговорите за инсталирање на антиракетниот штит во Чешка и Полска.”

Во НАТО инаку не гледаат причина зошто САД би ги промениле своите планови. Министрите дури се согласија да се испита можноста и за поставување на систем кој би бил дополнување на американскиот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми