1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО е за продолжување на мандатот на КФОР на Косово

10 јуни 2005

Кризниот регион Дарфур, барањето за повлекување на американското нуклеарно оружје од Европа, како и соработката на балканските земји со Хашкиот трибунал беа темите на кои вчера во Брисел дебатираа министрите за одбрана на НАТО. Тие вчера се задржаа и на ситуацијата на Косово, односно на потребата од натамошно меѓународно воено присуство во покраината.

Германскиот министер Штрук влегува на состанокот на НАТО во Брисел
Германскиот министер Штрук влегува на состанокот на НАТО во БриселФотографија: AP

Косово е во специфична ситуација. Во моментов е под лупа на меѓународната заедница, пред евентуално решавање на статусот. Иако ситуацијата во покраината е ѕначително подобрена во однос на март минатата година, таму е неопходно натамошнно присуство на странските војници, се согласија на вчерашниот состанок министрите за одбрана од земјите на НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер дообјасни:

,, Околу Косово и натаму е неопходна силно присуство на КФОР, бидејжи ОН се во фаза на проценка на стандардите за евентуално отпочнување разговори околу идниот статус. Треба да ја продолжиме соработката со останатите меѓународни организации во рамките на процесот на изградба на демократско, мултиетничко и мирољубиво општество“ , нагласи Шефер, кој ги отфрли шпекулациите околу преструктуирање на силите на КФОР на Косово. Претставникот на воените сили во покраината пред министрите појасни дека во меѓувреме е зајакната мобилноста на силите и тројно е зголемен бројот на единиците кои можат да се справат со ервентуалните инциденти.

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд ги отфрли шпекулациите дека Американците би повлекле дел од силите на Косово зошто тие се потребни во други делови на светот. Тој посочи дека позицијата на САД не е променета – американците и останатите партнери заедно влегле и заедно ќе излезат од Косово, додаде американскиот државен секретар, кој се согласи со своите колеги дека најважно е да се постигне политичко решение за покраината.

Министрите ѕа одбрана на НАТО вчера ја пофалија и успешната транзиција на одговорности на војниците од СФОР во операцијата Алтеа на ЕУ во Босна и Херцеговина и ја истакнаа својата ангажираност во земјите од Западниот Балкан, особено помошта за реформите во одбраната и воените сили. Во настојувањата за приклучување кон евроатланските структури, се согласија Нато министрите, помагаат и најновите чекори кои земјите од регионот ги преземаа на подрачјето на соработката со Хашкиот Трибунал. Сепак тие нагласија дека избеганите обвинети, како што се Ратко Младиќ, Радован Караџиќ и Анте Готовина, и натаму се печка за евроатланските интеграции и затоа ги повикаа земјите од регионот да ги продолжат со меѓусебната соработка и со натамошното развивање на добрососедските односи.

Тема на дискусија беше и спорната дебата околу американското нуклеарно оружје во Европа. Американскиот државен секретар Рамсфелд одби да одговори на прашањето на германските новинари за дискусијата која што во моментов се води во Германија околу барањето за повлекување на оружјето. Рамсфелд одговори дека не сака да коментира политички дискусии кои се водат во која било земја членка на ЕУ.

Германскиот министер за одбрана пак, Петер Штрук, како што изјави, оваа тема нема да ја продлабочува:

„Мислам дека внимателно мора да се посматра како ќе се развива дебатата во Германија, но тоа засега не е европска тема. Околу тоа не треба да се имаат никакви илузии„.

Пред почетокот на средбата можеше да се дознае дека Штрук за ова прашање не сака да ризикува нов конфликт со САД, барем не во предизборниот период во Германија.

Околу барањето на Африканската унија за помош од НАТО во суданската провинција Дарфур, министрите бргу постигнаа согалсност. Главно со воздушни мостови и логистика, зашто Африканската унија има намера во таа провинција да стационира околу 8 илјади војници. Во Брисел можеше да се слушне и сомневање дали Африканската унија е воопшто во состојба да спроведе мировна мисија од такви размери, па се поставува парашањето дали воздушниот мост на НАТО воопшто има смисла.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми